Летен макси фустан може да носите на работа, исто како што можете да го носите на плажа, за време на викендите, па дури и за време на вечерните излегувања. Сето тоа е прашање на стилот.

Макси фустанот е едно од нашите омилени парчиња облека за пролет и лето, кој е елегантен и во исто време многу пријатен. 

Постојат многу начини како да се носи макси фустанот …

 Комбинирајте го со рамни сандали или патики и подготвени сте за викендот.

Со сандали со мачја пета и накит, имате паметен лежерен изглед кој ќе изгледа шик за на работа или ако се дружите со пријателите во кафуле.

За шик вечерен стајлинг, побарајте макси фустани изработени од луксузна ткаенина во одважна боја, комбинирајте го со потпетици и клач чанта и за неколку секунди ќе изгледате неверојатно.

За денешниот изглед, бевме инспирирани од иконата на германски стил и sвездата на Инстаграм, Вероника Хајлбрунер. Макси цветниот фустан на Пако Рабан, го стилизиравме со рамни кожни сандали, симпатична рафија торба и преголеми очила за сонце.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПролетни патики цветаат оваа сезона!
Следна објаваГи откриваме стилските правила на најмодерните жени – Французинки!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ