Секој од нас има омилени парчиња облека од кои не сака да се откаже ни по која цена, без разлика што предлагаат трендовите кои постојано се наметнуваат …

Иако модата сама по себе е циклична, факт е дека секоја сезона ни сервираат нова порција на модни хитови, кои модните експерти и љубители на добриот стил ги опишуваат како must have.

Класичните парчиња секако постојат и се вклопуваат одлично во новите трендови, доживувајќи ги секогаш своите нови пет минути на слава.

Познатите личности секогаш мора да бидат средени и стилски облечени, кога ќе го напуштат својот дом, бидејќи папараците и љубопитните обожаватели одат во чекор со нив, кои едвај чекаат да ја фотографираат својата омилена sвезда.

И, иако можеби не сме на исто ниво со Бијонсе кога станува збор за нејзиниот гламурозен, стилски избор, добрата вест сега ни ја открива нејзината талентирана стилистка, Зерина Ејкерс.

Покрај Бијонсе, Зерина соработува и со многу други sвезди, а сега сподели модни совети и трикови со сите нас, што секоја жена мора да го има во својот гардеробер. „Дефинитивно тоа е блејзер. Модел со силни линии или детали е опција што секогаш радо ја избирам. Се чувствувам најмоќно во костум, без разлика дали би избрала монохроматски или шарени опции, навистина мислам дека блејзерот е нешто што секоја мора да го има, без разлика дали ќе го носи со маица, кошула или со фустан.

„Може да носите блејзер префрлен преку рамењата или облечен, нагласен со шал или ремен, а ќе добиете дополнителни стилски поени ако изберете модел во неутрална нијанса, кој ќе можете да го комбинирате со торби за ремени, елегантни клач чанти, високи штикли и патики Конверс “.

„Ако не сте сигурни која боја одговара на вашиот личен стил, предлагам да изберете црна или кремаста боја, а потоа да го стилизирате со додатоци – обетките навистина можат да го трансформираат целокупниот изглед“.

Сега кога научивме нова лекција по мода, предлагаме да ја разгледате нашата галерија и да видите како блејзерите ги комбинираат најголемите sвезди на уличниот стил.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMодерен пентхаус во Монако: совршена елеганција и луксуз!
Следна објаваLouis Vuitton: Летна колекција на чанти!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ