» ART STAR FROM EUROPE TO AMERICA«

༄ МАрија Павловска༄

Марија Павловска, најзначајната современа македонска уметница, која долго време живее и работи во Њујорк, (САД),  меѓународно и домашна позната и призната сликарка е една од ретките наши уметници која успешно се етаблира на светската ликовна сцена. Нејзините дела се разоружувачки, таа поседува способност да всади силни емотивни елементи во своите дела и тоа со едноставен потег на својата сликарска четка.

Павловска е активна со резиденции и самостојни изложби во Париз, Белград, Сараево,Берлин, Софија, Љубљана, Манила, Виена, Конектикат и Њујорк. Нејзината прва самостојна изложба се случила во Њујорк во 2007 година, каде таа останува да биде активна на тамошната уметничка сцена, а живее меѓу својот роден град и Големото јаболко. Нејзините авторски дела се изложени во голем број на земји ширум светот. Павловска има зад себе 30 самостојни изложби и повеќе од 100 групни инетрнационални изложби. Делата и се објавени во многу списанија, написи, весници, музеи, галерии, каталози и монографии ширум светот.

Препознатлива по својата ислучителна работа и нагласена енергија, таа во моментов работи со несмален интензитет и се издвојува со богата инетнационална активност. Марија ќе се претстави на Меѓународниот Проект ,,13 Калиграфизам”: Карактери и Слики, кој ќе се одржи на Универзитетот во Болоња, (еден од најстарите универзитети во Европа). Кураторот на изложбата ќе биде г-дин Ки ЛУО од Универзитетот за уметност во Кина. Во проектот учествуваат и седум меѓународни уметници, како Сок Кмер Па (Тајланд), Габриеле Амадори (Италија), Јуџин Лемај (САД / роден Израел), Фернандо Аугиар (Португалија), Чи Лу (Кина), Леон Радегонде (Сејшели) и Силвио Фераџина (Италија).

Марија во Болоња ќе ги презентира своите циклус-цртежи кои ги создавала во периодот од една деценија од 2005 до 2015 година. Истите се објавени во монографијата ‘Реакција’ во издание на галеријата  “Drawing Rooms” во Њујорк.

ʺЦртежот како и поезијата , може да ја пренесе неизмерната длабочина на нашите мисли, емоции и искуства преку јазик кој честопати е најпрецизен кога е изразен во својата најапстрактна формаʺ.

(Дел од рецензијата на Џејмс Пусторино, дирекрор на галеријата “Drawing Rooms” во Њујорк).

 

Кликнете на линкот за дознаете повеќе за Марија Павловска.

⇓⇓⇓

https://mp.weixin.qq.com/s/LObUubBaEQPYfxcTkDW5Xw?fbclid=IwAR03WSSD0_xGlX57_wc-62tXt1hSMEVKL4W2ewvB3ZQPzVUDCLKY8Y_FR30https://mp.weixin.qq.com/s/cUxYqq1h8jufYhfLcDY49Q?fbclid=IwAR0FtdtYvtLkd_J6TgRWS5-PjpNZJtuPq8trKkRqgN9t8uUZJU9MwFGLwsw

      ↬ https://vimeo.com/113301023

 

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ