Како што знаете, Олимписките игри се навистина важна работа, а се чини дека и Париз се согласува со тоа …

За настанот што ќе се одржи во 2024 година, иконското обележје на градот, Ајфеловата кула, ќе биде обоена во златен тон, а според наводите, тој процес на реновирање ќе биде најскап во историјата на кулата, долга 130 години.

Коментирајќи го амбициозниот потфат, Пјер-Антоан Гатие, главниот архитект на историските споменици на Франција, изјави: „Зошто Густав Ајфел избра жолто-кафена боја? Веројатно затоа што познатата познатата кула била ехо на целиот Париз, со куќи изградени од камен со слични тонови “.

Слично на тоа, изјави и Патрик Бранко Рувио, извршен директор на компанијата што управува со кулата: „Ние ќе и дадеме на кулата малку повеќе златна нијанса во споредба со постојаната, непосредно пред почетокот на Олимписките игри“.

Вкупно деветнаесет слоја на боја ќе бидат отстранети од познатата кула пред да добие нов златен изглед. Реновирањето ќе започне оваа година, и ако сè се одвива според планот, ќе биде завршено веќе во 2022 година, со проценета цена од 60 милиони долари.

Во најголем дел, овој споменик ќе служи како совршена позадина за триатлони и натпревари во пливање на отворено, додека во близина на него ќе се одржат неколку настани и концерти.

Веруваме дека ќе биде вистински спектакл!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваValentino Haute Couture: игра на бои – пролет/лето 2021!
Следна објаваBURBERRY: колекција инспирирана од врската помеѓу човекот и природата
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ