Рикардо Тиши и оддава почит на врската што постои помеѓу човечкиот род и природата …

Заклучен во своите четири sида поради пандемијата на вирусот корона, Рикардо Тиши се сврте кон природата за да најде инспирација за неговата последна колекција, соодветно именувана „Бегства“.

За сезоната есен / зима 2021 година, Тиши се сврте кон британските занаети и движења од почетокот на дваесеттиот век, кога „луѓето основаа заедници со длабоко почитување кон природата и отворениот простор, радувајќи и се на иднина која ќе отвори многу можности“, објаснува тој.

Тиши создаде плетени капи кои асоцираат со еленски глави, додека патиките и чизмите се моделирани врз основа на нивните копита. Користејќи еколошка алтернатива на вистинската кожа, фотографските дезени на животинско крзно се појавуваат на кошулите, како и на палта направени од имитирачко крзно.

Класични тренч мантили и волнени јакни се исто така дел од неговата најнова понуда.

Целата колекција можете да ја видите во галеријата 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФранцузите ја менуваат бојата на Ајфеловата кула!
Следна објаваДа ја дочекаме пролетта во розови тонови!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ