Годината која помина ги стави нашите животни стилови во големи искушенија …

Многу од нашите драги навики мораа да се променат, а сè што некогаш сметавме дека е сигурно, доби негативна конотација, не можеше такво нешто да се очекува и донесе несигурност во нашите животи.

Сепак, целата ситуација доведе до јасен акцент на една работа, а тоа е важноста и улогата која ја имаат нашите ентериери во постигнувањето на безбедност и спокој. Куќата е простор каде што живееме, работиме и ги поминуваме годишните одмори, што се наметнува како дополнителна причина за оставање на фокусот кон неа и во текот на следната година.

Иако ни е најпотребно заради лична хигиена, утрински ритуали и други дневни рутини, купатилото, како едно од најважните места во нашите домаќинства, може да ни пружи многу повеќе.

Бањата е нашето безбедно пристаниште, приватно место и простор каде можеме да заборавиме на целиот свет. Затоа, овој амбиент треба да биде, не само функционален, туку и нешто што може да ги исполни сите наши желби. Следната година, меките бои, кадифени мазни површини и пригушената светлина ќе го претворат кушатилот во зона на мирот, простор каде што ќе сакаме да поминеме повеќе време отколку што е потребно.

Удобен мебел за бања, топли земјени тонови, придружен со прекрасни затемнети светлосни ленти за осветлување, кои играат голема улога во целиот амбиент.

Без разлика дали сте во градината, на тераса или на балкон, секој надворешен простор е повеќе од луксуз, па затоа, по кујните, купатилата претставуваат простори кои ќе бидат најзастапени во надворешните области во текот на следната година. Villeroy & Boch можат да го реализираат сонот на сите за сопствена када на отворено во реалност. Спортисти, љубители на здрав живот, велнес и фитнес во такво опкружување ќе ја зајакнат нивната аура бидејќи променливите млазеви Jet-PaksTM може лесно да обезбедат спортска, терапевтска или релаксациона масажа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТрендови во уредување на домот во 2021 година!
Следна објаваГламурозна кампања на Версаче за 2021 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ