Повеќе од кога било, претходната година ја поминавме дома, со што се обидовме да ги направиме домовите поудобни и поубави …

Уредување на домот ни беше далеку поголем приоритет од планирање за патување, украсување на работната соба или минибар во аголот на дневната соба и се по ред.

Инспирацијата ја најдовме претежно преку социјалните мрежи, а многумина од нас им дадоа идеи на други.

Подолу ви ги пренесуваме трендовите за уредувањето на домот во 2021 година.

Ткаенини и ќилими – во сите дезени и форми, а најмногу сакаме волна и овчја кожа, која прави да се чувствуваме посебно, покрај вистинските парчиња, може да се користат и поевтини варијанти, како и вештачко крзно или некој друг избор на ткаенина.

Пригушени бои – во сите простории во домот, особено во дневната соба, најдобро ќе ни одговараат нашите омилени меки и топли верзии на пригушени бои. Долго време” beauty nude” боите се апсолутен хит, а сега тоа се случува и во светот на ентериерите.

Избор на убави и стилски слики за дневната соба. Набавете некое уметничко ремек дело и уживајте во уметноста со восхит. Можете да купите креација на млад автор, која може да биде десет пати поскапа по неколку години.

(Слики на Михаил Корубин)

Тркалезни форми – заоблени маси, закривени софи и ќилими во сите форми, освен правилни, се апсолутен хит во 2021 година.

Винтиџ со акцент на седумдесеттите години – стари и зачувани парчиња кои можете да ги најдете на саеми или во продавници за антиквитети, се исто така хит оваа година. Некои работи едноставно имаат душа и испуштаат топлина, а ќе му дадат нов изглед на вашиот дом.

Кујна во боја – иако сивата досега беше една од најпопуларните бои за кујната и кујнските елементи, индиго сината и зелената, оваа година доаѓаат на тронот. Зелените и сините нијанси во кујната ќе додадат дополнителен гламур и ќе ја направат драго место за поминување време во неа.

Тапети – по долго време, некогашниот хит повторно се враќа. Особено ако сте потстанар и сакате да ги пополните претежно стерилните бели станови за изнајмување, тапетите се идеално решение за вас. Или ако во моментов имате ограничен буџет и не се осмелувате да инвестирате премногу, ова исто така може да го освежи просторот и да го инспирира со нов изглед.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКарирано здолниште: Трендовско и модерно парче за секоја прилика
Следна објаваНови трендови во дизајнот на купатилата за 2021 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ