Некогаш, хотелот „Ројал Савој“ беше привилегирана дестинација за крунисани кралеви и аристократи…

Комплетно реновиран во 2015 година, овој историски хотел го задржа својот шарм од некогашните, одамна минати времиња, интегрирајќи допир на модерноста и создавајќи вистинска оаза на благосостојба во срцето на Лозана.

Со парк со димензии од околу 5.000 квадратни метри, локацијата на овој хотел на брегот на Женевското езеро, нуди живот во замок, во исклучително тивка околина, со престиж од пет sвезди. Софистицираноста и модерноста се сеприсутни во овој хотел, без разлика дали тоа е неговиот историски дел или новото проширување со поглед на градината.

Вкупно, хотелот „Ројал Савој“ нуди 196 соби и апартмани, од кои 101 се сместени во историска зграда, а најновиот од нив, Катара пентхаус, се наоѓа во крилото на градината. Секоја соба нуди модерен шик декор и прекрасен поглед на градот или Женевското езеро.

Хотелот „Ројал Савој“ не е кралски само по своето име. Неговиот ресторан, Ла Брасери ду Ројал, им нуди на гостите извонредна кујна. Спектакуларниот спа центар на хотелот и неговите 1500м2 се подеднакво извонредни и нудат бројни содржини за гостите во хотелот: затворен и надворешен базен, амам, џакузи и сауна, простории за третмани, фризер и приватни женски соби.

Кога ќе се чувствувате доволно опуштено, тргнете да откриете еден од најголемите градови во Швајцарија и неговите богатства расфрлани околу Женевското езеро, како што се средновековната катедрала, Операта, Балетот Бејарт или лозјето Лаваук, меѓу бисерите на историското наследство на УНЕСКО.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧизмите на Louis Vuitton „Pillow“ се хит на годината!
Следна објаваНеодоливиот шарм на торбите од антилоп!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ