,,Хуманоста е радост, хуманоста е надеж пред се време за дарување љубов преку уметничките дела за сите оние кои имаат потреба”.
彡彡彡彡彡
Групната изложба која се одржа минатиот месец во Домот на културата „Кочо Рацин“ Скопје, насловена како ,,ДУШАТА МИСЛИ ВО СЛИКИ,, во која Даниела Димчевска учествуваше со донација на свое дело во изложбата која беше организирана со цел да се даде поддршка на лицата со МС и членовите на нивните семејства преку креативната мисла како двигател поттикнат од исцелителната моќ на уметноста.

Живееме во време на  различни системи на вредности и начини на продуцирање на уметноста за која постојат безброј интерпретации, но едно е сигурно е дека таа била и ќе остане универзален-разбирлив јазик меѓу луѓето ширум светот. Возвишено е да се создава убавина преку нови уметнички творби. Дани е уметница која со својот класичен сликарски пристап непосредно  и лесно комуницира со публиката пренесувајќи ја својата визија со која таа успешно го задржува вниманието на набљудувачите. Пронаоѓајки исконски фрагменти од природата, во кои доминираат тишината и мирот на универзумот платната на Дани не мамат да се вдлабочиме во контемплација за сопственото постоење како неразделен дел од природата.

▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄​▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄​▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄

Дани, ти благодарам што одвои од твоето време да ни одговориш на неколку прашања, можеби првото мое прашање ќе звучи како клише, сепак ќе ни кажеш ли кој момент во твојот живот беше пресуден да одлучиш да се занимаваш со уметност. Дали има уметнички бекграунд во твоето непосредно опкружување, мислам на твоето семејство.
 
 – Најпрво да ви се заблагодарам за поканата за ова интервју. Не, воопшто не е клише тоа што ме прашувате. Искрено од мала,  од  како знам за себе јас се нешто ќе шкртнев ќе нацртав, се сеќавам на првиот цртеж во прво одделение тоа беше едно зајче кое требаше да го нацртаме со молив. Наставничката цртежот го зема пред сите го издигна и кажа е вака треба да се нацрта, и го закачи на зидот во училницата, тоа за мене беше радост и мотив да продолжам понатаму со цртање. Се сеќавам и во петтто одделение седејки во дневната соба пред мене имав лист хартија на кој требаше да вежбам задачи по математика, а јас наместо тоа  направив портрет на татко ми, моите родители се воодушевија,  татко ми, секогаш ми велеше имаш дарба од Бога. Но, сето тоа, во тоа време не сум го сватила сериозно, во основно училиште наставникот по ликовно сите цртежи ги закачуваше на зид, ме пријавуваше на сите можни натпревари по ликовно воспитување кој ми велеше мораш да продолжиш со уметноста и понатаму имаш во тебе нешто посебно. Можам да кажам дека моментот секогаш живеел во мене, и без да бидам јас свесна за тоа, замислете тоа било  како жарче длабоко скриено во пепелта. Низ годините тоа жарче тлеело се до моментот  кога било пресудно да се разгори и распламти. Иако, мојот животен пат беше некако поинаку трасиран, сепак пресудниот момент во мојот живот да одлучам да се занимавам со уметност беше денот кога  мојот професор и драг пријател академскиот уметник  Ставре  Димитров Стадим, буквално ме разбуди и  фати за рака и ми рече ова е моментот и денот кога жарчето кое толку години тлеело во тебе, време е да се разгори. И, од тој момент јас почнав активно да се занимавам со уметноста. Што се  однесува на прашањето дали има уметнички бекграунд во моето непосредно опкружување односно моето семејство, одговорот е нема, едноставно ќе кажам дека тоа е дарба од Бог.
 
 Во која мера твојата работа се менува низ годините и кои се најголемите промени кои ги чувствуваш кај себе си?

– Во  текот на мојот живот имало големи  промени, но истите тие ми донеле многу голем успех во животот. Како и секој човек кој се труди и работи и сака да постигне во животот нешто, да остави зад себе да биде запаметен по нешто, така и јас. Откако  успешно ја затворив книгата  во која имеше три тома основно, средно и факултет. Седнав и си реков сега каде, кога си млад пред тебе се отвара еден хоризонт кој те мами на многу патеки  но треба да се избере правиот пат. Морам да кажам дека моето семејство сопругот и ќерката се тие кои ми се најголемата промена која е длабоко врежана во мене, не е поврзана со работата но тие ми се најголема поддршка во мојот живот и во уметнаоста. Е, сега  уметноста е таа која ми го промени начинот на живот, иако низ текот на годините тлеела во мене и живеела во мене моментот кога се разбуди  и кога во рацете мои ги видов четката и шпаклата а, пред мене штафелајот и белото платно во мене се исполни и се намести парчето од мозаикот наречен мојот живот. 

Како изгледа еден просечен работен ден во вашето атеље?
 – Ехх, тоа е најпосакуваното место и простор во кој се одмарам, ме опушта, ми дава мир и
спокој. Работениот ден во моето атеље е ограничен поради работата која паралено ја
работам како државен службеник со полно работно време, сепак не ми преставува
никаков проблем да си го надополнам изгубеното време пред штафелајот. Велат дека
кога се сака се се може, тоа навистина е така. А, тоа изгубено време јас го надополнувам почнувајќи со убава мелодија, се случува да пуштам понекогаш и духовна музика таанајмногу ми дава енергија и го исполнува просторот со хармонија. Потоа ја спремампалетата, штафелајот, платното и почнувам да сликам, повеќе на ништо не мислам сепрепуштам на моите раце секоја инспирација од мојот внатрешен свет или од сето она со кое сум опкружена а, тоа е природата да ја пренесат на белото платно.
Познато е дека уметниците го гледаат светот на свој специфичен начин и во одредена мера пренесуваат голем број на импресии на платното. Дали е тоа така и кај тебе или можеби повеќе доминира состојбата на твојот внатрешен свет.
 – Да се согласувам дека ние уметниците го гледаме светот на малку поинаков начин. И на
поинаков начин го доживуваме. Мојот однос кон сликарското платно е директен. Живеам
во место каде водата жубори, дрвјата се раскошни, каде славејот наутро со неговата
песна ќе те разбуди, а цвеќињата те опиваат со нивниот мириз. Сиот тој допир со
природата само допринесува и е дополнителна причина за секоја моја инспирација.
 
Твојата сликарска палета е разновидна и со шорок спектар. Дали боите кои ги употребуваш во процесот на работа е поврзан со содржината на платното или можеби е моментална состојба на внатрешноста на духот?
 
-Широкиот спектар на бои на мојата сликарска палета се должи на сето она што ме
опкружува, но и на моменталната состојна на мојот внатрешен дух, сепак понекогаш
морам да ја испочитувам вољата и желбата на нарачателелот.
 
Можеш ли накусо да ни го доловиш моментот  во кој се наоѓате еден на еден со белото платно?
– Белото платно за мене е еден вид на инструмент, како што за музичарите е виолината,
виолончелото, пијаното и тој кога ќе почне да ги свири нотите веќе има песна, така и јас ги
изразувам моите уметнични чувства со четката, шпаклата на белото шлатно и крајниот
резулат ќе биде едно уметничко дело.
 
Дали планираш во блиска иднина можеби самостојна изложба?
Секој уметник посакува, впрочем тоа е должност на некој начин да направи самостојна изложба. Така и јас како уметник посакувам, планирам но, и веќе работам на тој план. Се надевам дека моменталната состојба со пандемијата ќе заврши и ќе почнеме да функционираме нормално. И сето она кое го имам започнато како план се надевам дека ќе го реализирам, само здравје Боже.
 
Даниела Димчевска родена 1980 година во Скопје Македонија. Завршено средно образование гимназија во Скопје. 
Вонреден студент на Универзитет Interregional Academy of Personal management- Bugarija- Varna 2008 година.Учесник на многубројни  ликовни конкурси во Македонија. Добитник на повеќе награди и признанија како во делот на уметноста така и во делот пишаниот збор -поезија.  Добитник на многу бројни сертификати:Achieving Ehcellence for Administrative Professionals 2009.Political Academy -2009 –Konrad Adenauer Stiftung.Has been awarded with acknowledgment for Best Presentation on tha Seminar Excellence in the Administrative Profession 2011, Achieving Ehcellence for Administrative Professionals 2011 и други.Завршена приватана школа по ликовна уметност .Учество на многубројни ликовни колонии  меѓу кои Вевчански видувања, Михајлово -Кавадарци, Радовиш и други.Изложувано на групни изложби во Софија- Бугарија, Хрватска и Скопје Македонија. Учество на повеќе online  изложби меѓу кои: Труција – Измир, Истамбул, Црна Гора и други.
 

НЕМА КОМЕНТАРИ