Мега популарната серија  „Со Русија во срцето“ е снимен според книгата „Курт
Сејит и Шура“ напишана од Нермин Безмен.

Ова е вистинска приказна за големата љубов помеѓу турскиот
поручник Курт Сејит, кој го игра згодниот Киванч Татлитуг и Шура, ќерка на руски благородници, толкувана од Фарах Зејнеп Абдулах.  Курт Сејит всушност и бил дедо на писателката, а семејството на Нермин Безмен и ја раскажало приказната за парот кој се борел за својата љубов против силите на семејството,  очекувањата и
предрасудите на општеството и историските настани од почетокот на 20 век.

Зборувајќи за нејзиниот дедо, Нермин вели: „Дедо ми влегол во Воената академија во Санкт Петербург на дванаесет години. Следејќи ги стапките на неговиот татко и дедо, тој бил обучен да биде многу добар јавач на коњи, атлетски и силен и смел пред сè. Тој исто така имал интерес и талент да учи јазици, филозофија, поезија и уметност за да ги разубави своето воено образование и шармантниот изглед . Во тоа време требало да исполните одредени услови за да станете дел од Гардата на Царот.“

  • „Дедо ми имаше доста медали за заслуги, некои му беа дадени дури и од самиот Цар, исто така поседувал вреден семеен прстен и специјален монограмски часовник од Царот како подарок. Кога избегал во Турција, ги донел сите овие вредности и неговите рубли во навлаката од перница што беше сувенир од неговото детство. За жал, кога тој сакаше да ја купи пералната каде работеа со Шура, рубљите на Царска Русија беа девалвирани и тој мораше да ги продаде сите свои спомени во Капали Чаршија во Истанбул. Со солзи во очите и болка во срцето го направи тоа зашто тие беа единствените предмети што го поврзуваа со неговото минато. Од тие спомени, остана само едно, а тоа е перницата што ми ја подари мајка ми кога бев мала и сè уштеги сонувам на неа соништата на дедо ми кои беа прекинати. Верувам дека го имам највредното и бесценето парче од него, а тоа е неговата животна приказна “. – вели Нермин.

Spoiler alert! Ако се уште не сте ја гледале серијата престанете да читате СЕГА!

Курт Сејит никогаш не го доживеал својот среќен крај со Шура, всушност тој никогаш не ја запросил дури и по целата драма и болка во срцето низ која поминале. Според Нермин, нејзината баба и рекла дека немало никакви навестувања дека Курт Сеит и Шура некогаш разговарале за брак или барем такво нешто нејзиниот дедо никогаш не споделил со неговата сопруга.

Многу Бели Руси кои всушност живееле во ист временски период биле исплашени да се врзат за некоја личност (без разлика колку се сакале) или за некое место. Никогаш не знаеја што носи иднината. Не брак, но живеење заедно како двојка, било многу честа појава  меѓу имигрантите во тоа време. Сите тие се надевале дека еден ден ќе можат да се вратат во својата татковина. Затоа тие не ги дадоа своите пасоши; не ги потрошија своите рубли. И во секој момент биле свесни дека враќањето назад може лесно да ги раздели од нивните најблиски повторно.

Курт Сејит, во реалниот живот, се оженил со Мурка делумно затоа што тоа било желба на неговиот татко и делумно затоа што се чувствувал осамен, неразбран, изгубен, копнеел по својата татковина, блиските – исто така очајно барал ново местокаде би се чувствувал како дома и знаел дека неговата љубов кон Шура  само ги повредува сите. Сето тоа го доведува до точка каде што тој едноставно се впушти во нова насока.

– „Курт Сејит и Шура се допишувале некое време и јас знам од баба ми дека и по првите неколку години од нивниот брак, дедо ми сè уште размислувал за Шура и станал носталгичен за неа. Но, тој исто така ја сакаше Мурка. – вели Нермин. – Ја задеваше и и угодуваше, се грижеше за неа, се потруди да ја извади силната жена во неа и тој се трудеше за да го направи животот што е можно поудобен и луксузен за неговата сопруга и ќерките. Иако, како и повеќето други Бели Руси, тој беше решен да не поседува недвижен имот, тој купи прекрасна куќа и и и ја  подари на баба ми кога ќе се разболе, бидејќи тоа беше нешто што таа многу го посакуваше “.

Шура, по неколку разочарувања и некои тешки периоди, конечно имаше среќен брак со многу љбезен господин. Тие имаа ќерка во Америка. Она што е важно е дека нејзиниот сопруг ја сакал и обожувал. Секако и тие имаа подеми и падови, но се држеа заедно.
Долго време по разделбата со Шура, Курт Сејит си го одзеде животот, одбивајќи да живее со туберкулоза и да биде товар на неговото семејство. Шура почина во Америка, таа е погребана во Калифорнија, како Александра (Сандра) Неш веднаш до гробот на нејзината мајка и Екатерина Николаевна.
Емотивната, воодушевувачка и величествена сага за Курт Сеит и Шура можете да ја гледате на првиот глобален #dizi канал, TDC. Прашајте го вашиот ТВ оператор кој број е TDC канал.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваGet in the ring online – Skopje 2020
Следна објаваФотографска изложба на фотографии на Боро Рудиќ
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ