Оваа година, повеќе од било кога, се фокусиравме на удобноста во нашите домови, бидејќи сме принудени да поминуваме поголем дел од слободното и работното време во нив …

Сите ситници кои досега не сме ги забележувале, го привлекоа нашето внимание – некои ни измамија по некој осмев, додека други почнаа да ни пречат. Бројни брендови дадоа се од себе да ни ги понудат своите новини на различни начини и да го олеснат овој тежок период, создавајќи удобни парчиња мебел, онлајн настани и многу повеќе.

Меѓу сите нив, посебно се истакна Roberto Cavalli, со својата софа Malawi.

Malawi е рафинирана и шармантна софа, чиј дизајн е инспириран од душата на познатиот бренд – тоа е парче мебел кое има женствен и ултра шик стил во деликатна розова нијанса.

Занаетчиската традиција на работа со кожа, што е уште еден типичен елемент на познатиот бренд, може да се забележи во декоративните реси кои ги збогатуваат потпирачите за раце на оваа софа. Совршените  вештини на брендот, исто така претставуваат директна референца на етничката тема, која отсекогаш била дел од ДНК на куќата Roberto Cavalli.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПиратските чизми на Шанел се нов есенски хит во модниот свет!
Следна објаваРазиграна колекција на Louis Vuitton Cruise 2021!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ