За само неколку месеци, луѓето од целиот свет ќе имаат можност буквално да појадуваат во TIFFANY …
Историскиот американски златар планира да отвори ново Blue Box кафуле овој декември. Бистрото во сини нијанси ќе го преземе водството во ново дизајнираниот бутик South Coast Plaza во Коста Меси и ја претставува првата постојана изложба од ваков тип со потпис на Tiffany & Co на Западниот брег на Америка.
Кафулето ќе има доволно простор за 45 гости и ќе понуди мени слично на првото и водечко кафуле Тифани кое се отвори уште во 2017 година.
Bо понудата ќе има изобилство од американската класика – сецкани салати, клупски сендвичи и слично – што ќе бидат направени од најдобрите состојки од локално потекло.
Првично, кафулето ќе се придржува до локалните ограничувања за Ковид-19 и ќе понуди ограничени затворени оброци. Tiffany & Co. планира да започне комплетни услуги почнувајќи од следната пролет.
Појадок кај Тифани, проследен со “shopping” – што може да биде подобро?