Во потрага по удобност, предлагаме да тргнете однадвор кон внатре, со цел да го забавите и почувствувате целиот шарм на животот.

Движењето slow living е родено во Италија и му припаѓаше на прехрамбрената културата, носејќи го соодветното име – slow food. Кон крајот на осумдесеттите, Италијанците се спротивставија на развојот на брза храна, тренд што ја загрози италијанската култура на храна, во која можноста за уживање во храната и атмосферата е од суштинска важност.

Децении подоцна, кога темпото на живот стана уште побрзо и концептот на брза храна еволуираше во метафорична дефиниција за брзање во сè, од потрошувачка на информации до изедениот сендвич, slow food, бавната храна, се претвори во slow living, бавно живеење и стана симбол на модерна суперсила која ве тера да успорите и уживате во сегашниот момент.

Бавното живеење (Slow living) сега е поврзано со скандинавската култура на задоволство и можноста да се цени животот каков што е. Во срцето на движењето е концептот на уживање во животот и постојано настојување да се подобри неговиот квалитет. Оттука, посветеноста кон одржлив развој и дизајнирање на сопствениот просторот во согласност со принципите на минимализмот, свесност и погодност.

Издвоивме 5 карактеристики на ентериери во slow living стил кои ќе ви го направат животот попријатен.

Практичност
Карактеристика на „бавното живеење“ е максималното отсуство на стрес, така што домашниот простор треба да ја комбинира удобноста што му е потребна на човекот и му дава чувство на сигурност. Секоја предмет во куќата треба да се карактеризира со практичност, без разлика дали станува збор за соодветно организиран кујнски простор или фотографии со најблиските, на ноќната масичка. Нема ништо поважно од тоа да ги имате само оние работи во куќата кои ви овозможуваат радост и ви го прават животот попријатен.

Спонтаност
Без разлика колку нашиот живот технолошки напредуваше, невозможно е да се одрекне врската помеѓу човекот и природата. Нашето тело и ум реагираат на промена на времето, зајдисонце и изгрејсонце, промена на сезони и месеци. Важна компонента на бавниот живот е врската со елементите од природата кои лесно можат да се пренесат во просторот на сопствениот дом. Изградете дома камин или купете свеќи, редовно проветрувајте ја спалната соба, внесете растенија во куќата и грижете се за нив.

Природни текстури
Природни форми, бои, материјали и текстури се она што ви треба за да живеете со пријатно темпо. Нијансите што не ве вознемируваат ќе ви овозможат да ја следите вашата емоционална состојба и да ги следите вашите вистински желби. Природните акценти, како букет цвеќе, плетени покривки или дрвен мебел, го додаваат во атмосферата на куќата потребното чувство на слобода и удобност.

Едноставност на формите
Природноста на формата мора да биде истакната како посебна ставка. Во ерата на развојот на толеранцијата, дури и несовршеноста на садовите, мебелот и другите декоративни елементи се перципираат како карактеристики, а не како недостатоци.

Свест
Бавното темпо на живот овозможува мирно размислување за прашања поврзани со квалитетот на животот и здравјето, донесување на информирани одлуки во корист на сопствената благосостојба. Slow living просторите за живеење, најчесто се исполнети со предмети изработени од природни материјали. Исто така, се цени природноста на текстурите и мирисите. Бидејќи животот е помирен, полесно е да се почувствуваме и да живееме во хармонија со надворешниот свет.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШик кардигани за цела оваа есен и зима!
Следна објаваКако се носи есенскиот хит – дезен на змија!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ