Малините се едни од најздравите намирници за оние кои држат диета, а подолу ви ги пренесуваме сите здравствени придобивки на ова популарно овошје.

Малините се популарно овошје кое има богата содржина на разни антиоксиданти.

Антиоксидативната активност на малините е 50 проценти поголема од антиоксидантната активност на јагодите, 10 пати поголема од доматите и 3 пати поголема од кивито. Меѓу антиоксидансите во малините е витаминот Ц – 100 грама малини содржат дури 44% од препорачаната дневна количина вит амин Ц. Малините содржат и витамини од групата Б и витамини Е и К.

Малините се исто така добар извор на калиум и ги содржат скоро сите други минерали.

Малините се совршена храна за слабеење затоа што имаат само 52 kcal на 100 грама. Тие исто така содржат кетони кои имаат корисен ефект врз нивото на шеќер во крвта и го стимулираат метаболизмот на мастите, со што се спречува неговото таложење во организмот.

Консумирајќи малини, му обезбедуваме на организмот енергија, правилно функционирање на нервниот систем и одржување на здрави ткива.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКариран блејзер – суштински тренд на моментот!
Следна објаваУспешна модна приказна: Леони Хане – германска модна блогерка и моден реформатор!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ