Елен Деџенерис и Порша де Роси одлучија да се збогуваат со својот имот во Санта Барбара и да го продадат по цена од 40 милиони долари.

Според јавно достапните податоци, славната двојка го купила овој имот минатата година по цена од 27 милиони долари.

“Солт Хил” се наоѓа на брегот на Монтесито и нуди уживање со неверојатен поглед кон океанот. Имотот не содржи само една огромна вила – станбена површина од 1.070 квадратни метри која се простира на четири различни структури.

Главната вила зафаќа околу 800 квадратни метри, потоа куќа за гости, фитнес центар и канцеларија за обезбедување.

Имотот е дизајниран да изгледа како одморалиште на Бали. Секоја од градбите има покрив од слама, додека главните финиши се од топло дрво и темен камен. Деџенерис и Роси значително го проширија овој имот кога го купија, додавајќи уште некои парцели во близина.

Овој пар обожува да собира уметнички дела од Рој Лихтенштајн, Џаспер Џоунс и Дејвид Хокни во својата колекција, меѓу другите.

Главниот простор за живеење има стаклени sидови кои на фантастичен начин го врамуваат бесконечниот базен и овозможуваат уживање во погледот на океанот, а комплетиран е со лустер од шпанската дизајнерка Нача Карбонеља.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLouis Vuitton Artycapucines : Современа уметност, мода и занаетчиство!
Следна објаваШармантна колекција на Fendi – Mr. Doodle!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ