Поводот за нашиот разговор со респектабилниот уметник и професор Решат Амети е претстоечката изложба по повод 30 години од неговиот богат сликарски опус. Професоре, најнапред сакам да ви се заблагодарам што одвовте од вашето драгоцено време да ни одговорите на неколку прашања и воедно би сакала да ви честитам за вашата јубилејна изложба.

Г-дин Решат Амети

 

Професоре, како накратко би ја опишале еволуцијата на вашето сликакрско творештво?

Сопствениот равој и пристапот кон сликарството, веројатно најкратко би го опишал
како и вашето прашање – “Еволуција”. Повеќе сум сакал до мојата ликовна вистина да дојдам постeпeно и со упорност, отколку да правам драматични промени во пристапот, идејата итн. што во денешно време е нешто вообичаено! Од студенските денови сум имал една линија на движење, а тоа е коноргинално творење и оставање на сопствен печат во сликарството.

На почетокот, моето интересирање беше насочено кон надреализмот, поконкретно кон Салвадор Дали, но идеите повеќе ги рализирав во мојата главата отколку на платно. Па, така, постепеноповеќе почна да ме привлекува позадинското геометриско реализирање на надрелистичката композиција, отколку цетралната носечка идеја на човечка нарација во необични надреалистички форми. Потоа, почнав со посериозен пристап кон геометријата со која и дипломирав на тема “Лирска геометрија” и тоа ме држеше подолго време. Почнав постепено да се насочувам кон циклусот “Од традицијата” кој е присутен до ден денес, а потоа од овој циклус никна нов, наречен “Пробив на светлината”. Има и други истражувачки циклуси кои беа во насока на држење темпо на ликовната филозофија и сите овие циклуси се поврзани еден со друг, како река која тече непрестано кон океанот на естетските ликовни доживувања…
Промените што се случувале, повеќе биле последица на спонтана рефлексија на
доживување и реализирање на ликовни феномени, отколку рационално размислување за промени, потребата да се биде во “стадото” на веќе наметнатите норми за успешна
уметност! Јас мислам дека талентот е последица на наследството, на генот, а не
резултат на општествените и социолошки опркужувања. Секако, и тие имале влијание во развојот, но тоа не било пресудно!

 Со што го поврзувате поимот создавање во уметноста?

Создавањето е Божја категорија. Ние уметниците милуваме да кажеме дека сме тука до Господ. Аргумент за тоа е дека и ние создаваме! Нема да биде претенциозно ако велам дека , веројатно, тука има некоја вистина. Јас, преку врвната ликовна уметност, музиката, литературата, всушност поминувам низ божествени магични доживувања и перцетирања на сите нектари од животот. Преку уметноста, се насетува убавината и вистината на постоењето, сите дилеми се непотребни и исчезнуват од чистиот блесок на уметноста, која го опкружува целосно телото и духот. Мислам дека само врвната уметност ги отвара портите на Боженството.

 Која е вашата омилена сликарска техника?

Најчесто користам техника масло на платно, потоа акрил, и секако комбинирана техника која исто така нуди добри можности за изразување.

 

Каков е вашиот начин на создавање редоследно, дали е вообичаен како на пример
идеја, скица и реализација или можеби имате свој начин? 

Мојот начин на работа! На почетокот ја имам идејата и замислениот начин на реализација на ликовната мисла, но исто така, таа белина на платното ме влече како силна гравитација да пренесам бои, потези, и веќе кога целосно ќе влезам во тој творечки занес, делото го добива својот јасен ликовен облик. Порано правев скици, цртав и сликав на хартија, картон, но после увидов дека всушност не постои скица! Не постои подговтовка за реализација на некое дело со некоја претходна ликовна контура на делото што треба да се реализира! Сé што ќе работиш, ќe повлечеш некоја линија, потег итн. е всушност реализирано дело! Поради специфичноста на
времето, духовниот и билошкиот ритам, секој момент, чувство, израз, е неповторлив и е уникатен.

И за крај, што би им порачале на младите уметници, која е вашата порака.

Треба да сфатат дека се привилигирани што имаат талент за ликовна уметност, бидејќи тоа е ретка дарба! Да бидат свои и да бидат упорни во тоа што го работат. Исто така, важно е да бидат искрени со себеси, треба да вложат не само труд туку и љубов во тоа.

————————————————————————————————

Изложбата за пошироката јавност ќе биде достапна од 28 октомври 2020 година во Даут Пашин Амам во следните месец дена, секој ден во неделата, освен понеделник, од 10 до 18 часот.
Посетителите треба да се придржуваат до пропишаните протоколи за безбедност предвидени од страна на Министерството и Владата. Задолжително е носењето на заштитна маска, дезинфекција и мерење на телесна температура.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнспирација: Макси форма!
Следна објаваНова урбана колекција Ivy Park x Adidas
• More than ten years of journalistic experience I have by working as a writer and editor, across an electric range of different industries and lifestyles sectors from fashion, interior design, traveling, television and enviorment. • Extensive copywriting expirience with web content, headlines for diverse publications. • Excellent adaptibilty of skills to reach diverse audiences. • Valued for my informative and professional work ethic.

НЕМА КОМЕНТАРИ