Француска естетика во најдобро издание …

За време на карантин бевме многу време дома. Заедно со физичкиот престој во истиот простор, се дојде и до духовно сознание дека домот е малку повеќе од место за спиење.

И, решивме да воведеме некои промени и барајќи инспирација во ентериерот на современите Французинки!

Почнете со празни sидови
Ако сте воодушевени од становите на Французинките, тогаш дефинитивно би можеле да забележите една сличност – бели sидови. Заборавете на шарените тапети и светли бои. Првиот чекор во создавање ентериер со француски шарм е боење на sидовите.

Купете големo огледало со златна рамка
На Инстаграм на било која Французинка, ќе видите големи огледала во дневните или спалните соби. Тоа е лесен и брз начин да додадете грациозност и карактер на вашиот простор. Совршен додаток на белите sидови. Можете да го закачите огледалото или да го поставите директно на подот, како на горната фотографија.

Заменете го линолеумот со паркет
Единственото нешто што никогаш нема да го најдете во француски стан е линолеум. Ако поставувањето на прав паркет се чини дека е непотребно скапа постапка, пробајте алтернативни опции, на пример, паркет од бамбус – изгледа подеднакво убаво, но многу поевтино. Исто така е многу еколошки и толку француски!

Додадете мебел од дрво
Да се ​​има мебел од дрво и да се комбинира како што тоа го прават Французите, се две различни работи. Воопшто не им е грижа како изгледа висока дабова столица со лесен бамбусов под. Се чини дека изгледа нехармонично, но всушност создава одредена композиција на предмети со свој карактер. Како да се постигне истиот ефект? Само потрудете се да се држите приближно до истата естетика.

Заборавете на совршенство
Француските куќи не се како музеи. Сè е уредно, но владее креативен хаос. Заборавете на совршенството! Одберете несогласени вазни и фиоки за ситници. Книгите ставете ги на полиците во нерамни колони, украсете ги sидовите со слики, скици и фотографии во различни рамки, генерално создавајќи илузија на простор за живеење.

Оставете простор за растенијата
На скоро секоја фотографија од оваа колекција ќе видите цвеќиња и растенија. Французинките едноставно не можат да ги замислат своите животи без зеленило. Се разбира, свежо цвеќе е најдобро, но можете да купите и прекрасни букети на сушени цвеќиња. Или собни растенија. Само запомнете – нема идентични вазни и саксии!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСладок живот: како да носите чоколадни нијанси оваа есен?
Следна објаваТренирање, забава, предизвици – Национален Фитнес Ден
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ