Како што зголемуваат летните температури, време е да го замениме ладениот шардоне со летената класика – Розе …

Розовото вино стана категорија само по себе во текот на изминатите неколку години, добивајќи се поголем број фанови од целиот свет. Одлично се вклопува во жешките летни денови и ноќи, идеално оди со разнобојната понуда на храна и ни дава можност навистина да се освежиме со стил.

Ако сонувате да уживате покрај базен ова лето, со вашата омилена чаша розе во вашата рака, ќе ги откриеме нашите пет фаворити, кои ќе ви ја понудат вистинската доза на луксуз и декаденција.

Сместете се удобно, прелистајте ја нашата галерија, а потоа испланирајте каде ќе се опуштитете следниот викенд.

AIX ROSÉ AOP COTEAUX D’AIX EN MAGNUM PROVENCE 2018

Како мирисно и совршено избалансирано, ова вино има хшпнотичка боја, овошна свежина и врвен вкус. Неговиот мирис е свеж и деликатен, исполнет со ноти од лубеница, јагода и цвеќиња.

THREE STICKS 2018 CASTEÑADA SONOMA COAST ROSÉ

Ова розе е освежувачко, полно со живот и величенствено, затоа е едно од најпопуларните кои доаѓаат од Калифорнија. Исполнето со ароми од јагода, совршено е за жешки летни денови, како вистински хедонистички аранжман.

MIRAVAL ROSÉ 2018

Ова розе е како зраците на сонцето, а доаѓа од Прованса. Исполнето со ароми од јагоди, црвени бобинки и билки, тоа е свежо и полно со вкусови што ќе ве освојат многу лесно.

M BY DE MINUTY ROSÉ 2018, LIMITED EDITION

Мора да признаеме дека ова е повеќе од обично шише вино. Тоа е покана да ја доживеете Прованса, да ги почувствувате сончевите зраци на вашата кожа и да дозволите да ве освои атмосферата на овој уникатен регион. Оваа суво розе во себе ги рефлектира совршените хармонични вкусови на праска и кандирани портокали, давајќи ви беспрекорен, свеж вкус.

BOLLINGER BRUT ROSÉ – LIMITED EDITION 2006

Ако сакате пијалок кој во себе носи вкус на vintage шампањ, тогаш Bollinger rose е вашата совршена опција. Заводливо, со спектакуларен свеж вкус, содржи летни бобинки, со нежна текстура и долготраен вкус.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВерувајте или не – Лукзузна чанта за носење лубеница!
Следна објава„Last Minute“: Mango здолништа за последните денови на летото!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ