Постојат голем број на луѓе во светот кои сакаат да патуваат и кои веќе открија поголем дел од нашата планета, така што малку потешко ја избираат нивната следна дестинација…

За нивна среќа, плановите за патување се трансформираа во небесен настан, затоа што компанија наречена Space Perspective одлучи да ги оствариме нашите соништа за патување во вселената, правејќи го тоа со помош на огромен балон исполнет со водород. Звучи како парче од вашата фантазија, зар не? Сепак, според сите извештаи, таа имагинација наскоро ќе стане дел од реалноста.

Искуството надвор од овој свет ќе однесе осум патници на патување кое ќе трае шест часа – сè до самиот раб на универзумот. Ќе добиете можност да ја видите планетата од целосно нов агол, исто како и темнината на универзумот што нè опкружува, на надморска височина од околу 30 километри..

Стартап компанијата веќе сега ја развива “Spaceship Neptune” посадата и ќе започне со тестирање на своите летови, користејќи научно истражувачки товари од следната година.

Првите авантури со луѓето веројатно ќе се случат за околу три и пол години. Неверојатниот „вселенски брод“ има уникатен горен дел, кој е опкружен со големи прозорци кои ви даваат можност да уживате во навистина неверојатен поглед. Исто така постои и минибар, заедно со тоалет.

Балонот нежно ќе ги пренесе своите патници до самиот раб на свемирот, каде ќе ги поминат наредните два часа, давајќи им можност да го споделат ова искуство преку социјалните мрежи. Потоа, балонот ќе се спушти и ќе слета во морето, каде бродот ќе ги превезува патниците, капсулата и балонот.

Вие нема да можете да ја почувствувате безтежинската состојба, но дефинитивно ќе се вратите на земјата со уникатни спомени. Првичната цена на патувањето ќе биде околу 125.000 долари за патник, што е буквално половина од сумата што ќе мора да ја платиме за суб-орбиталните летови.

Исто така, компанијата отиде чекор подалеку и реши да им даде можност на идните невести да ја кажат својата судбина токму тука.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕлегантна колекција за екстериери – Елио!
Следна објаваГОЛЕМА ЛЕТНА РАСПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ