Нашиот дом е безбедно пристаниште кое нам и на сите домашни, треба да ни обезбеди мир и безбедност.

Ако не можеме да постигнеме баланс надвор од ѕидовите на станот или куќата, внатре, просторот треба да биде посветен на одмор и собирање на енергија за активностите кои нè очекуваат во секојдневен живот. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го претворите вашиот ентериер во свој рај:

1 – Исчистете го домот од секоков неред – дури и кога е скриен зад вратата на столот или под креветот, носи стрес и вознемиреност. Ослободете се од непотребни работи. Исто така, погрижете се за хигиената во станот. Не одложувајте задачи кои ви изгледаат досадни, како што се миење садови или бришење прашина.

2. Направете зона без технологија или еден час во денот без мобилен телефон

3. Спалната соба треба да има само предмети кои ве асоцираат на убави моменти – нека мириса на лаванда.

4. Креирајте сопствена зелена оаза за одмор и релаксација.

5. Создадете симетрија во ентериерот за визуелен мир.

6. Стилизирајте ја полицата за книги и декоративни предмети (трик на професионалците) обојте ја со впечатлива боја, а потоа поставете ги само најубавите детали.

7. Создадете инитмно ќоше кое зрачи со позитивно чувство кое го смирува умот, некоја фотографија од патување или слика.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСите предности на лубеницата
Следна објаваIsla Sa Ferradura – вистински рај за секој од нас!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ