Фестивалот за современи уметности, АКТО, годинава го одбележи своето 15-то издание и тоа во продукција на “ФАКУЛТЕТ ЗА РАБОТИ ШТО НЕ СЕ УЧАТ”. Целта на овој настан е обединување на поединци и поголеми групи како и заедници на креативен начин да постигнат градење на еднакво општество за сите наши граѓани.

Давор Кешќец, нашиот веќе етаблиран уметник зема учество на фестивалот изработувајќи мурал во градот Велес, поточно на влезот во градот на кружниот тек веднаш до Спомен-костурницата. Во изработката на муралот свој допринос дадоа и Ангела Банчотова, Стефан Младеновски и Тоше Пешовски.

Му благодариме на Давор за фотографиите кои ни ги испрати во нашата редакција.

 

———————————————————————————————————————————————————————————————————

НЕМА КОМЕНТАРИ