Со доаѓањето на топлите летни денови, единственото нешто што сакаме е да уживаме во лесните стилски комбинации кои се издвојуваат со практичност, но и стилска модна нота. Оваа сезона, сè се носи, но фокусот е ставен на сандали со ремени и практични влечки кои мора да ги додадете во вашата колекција.

Кога станува збор за дневните комбинации, флип-аповите се одличен избор пред се затоа што тие се исклучително функционален модел кој оди добро со летни фустани и здолништа. Се разбира, можете да се одлучите за модели со удобна блок-пета и да изгледате многу шик, но исто така да задржите доза на удобност. Од друга страна, ако сакате малку поинаков, нежен изглед,  одберете интересни модели со повеќе впечатливи црни детали. Споменатите модели ќе изгледаат одлично во комбинација со минималистички предмети за облека, ленен материјал, но и свила, што ги прави модели кои што можете да ги облечете и во вечерните часови. 

СПОДЕЛИ
Претходна објава<<СОЛИДАРНОСТ, МОБИЛНОСТ, ИДНИНА>> Нов мурал на уметникот Давор Кешќец
Следна објаваВитаминот “D” е од клучно значење за здравјето
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ