——————————————————————————————————————————-

Во центарот на културните случувања овој месец несомнено вниманието ќе биде фокусирано на првото издание на Џез Фестивалот “КРАЈ ВАРДАРОТ ЏЕЗ”. Во организација на дискографската куќа *ПМГЏЕЗ*, љубителите на квалитетна музика во паркот позади МКЦ ќе можат да уживаат во изведбата на повеќето наши џез изведувачи.

Мирко Попов,(извршен продуцент на ПМГ РЕКОРДИНГС), визионер, еден од клучните фигури на македонската алтернативна сцена кој повеќе од две децении со своите култулорошки заложби ја промовира квалитетната музика во нашата земја. Му благодариме на Мирко за отстапениот материјал кој во целост ви го прикажуваме подолу во текстот.

——————————————————————————————————————————

„Kraj Vardarot Jazz“
е НОВ ФЕСТИВАЛ и културолошка заложба на дискографската куќа
PMGJAZZ од Скопје. Наш основен интерес е пронаоѓање, создавање, снимање, издавање и промоција на квалитетна македонска џез, етно, crossover музика. Нешто, што ова наше тло раѓа во изобилство. Ако погледнете на страната каде што ги промовираме / продаваме нашите изданија [ pmgjazz.bandcamp.com ]
ќе забележите автентична, вибрантна, разновидна и неверојатно квалитетна македонска џез музика. Повеќето од тие автори ќе настапат на првото издание на фестивалот
KRAJ VARDAROT JAZZ.
Ова е нашиот завет за сегашноста и иднината на македонската реална култура. Со тоа се занимаваме. Приклучете ни се.
ПРОГРАМА:
Ден 1: Четврток, 23 јули 2020, врати 18:30, програмата започнува во 19:45. Влезот е симболични 100 денари.
https://bileti.mkc.mk/index.php?id=684
-Filip Bukršliev
-Sethstat
-Zulu 3.4
-Kanton6Trio
Ден 2: Петок, 24 јули 2020, врати 18:30, програмата започнува во 20:00. Влезот е симболични 100 денари.
https://bileti.mkc.mk/index.php?id=685
-Svetlost + Odron Ritual Orchestra
-Cobalt Code Unit
-Yordan Kostov Quintet
Програмата ќе се одвива во паркот позади МКЦ-Скопје, по сите протоколи предвидени за организација на настани од овој тип, во актуелната ситуација. Задолжително носење маси, столчињата ќе бидат поставени на 2 метри растојание. Ве молиме да се држите до сите норми на однесување – да покажеме пример, како културните настани можат да се одвиваат беазбедно и во овие услови. Благодариме.
ВНИМАНИЕ: Бројот на посетители е ограничен на 300 седишта.

KRAJ VARDAROT JAZZ се реализира со поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија.

HOSTS

PMGJazz
Record Label
Светлост
Musician/Band
 
Младински Културен Центар

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубави и најмодерни цветни фустани за ова лето!
Следна објаваДеконструкција и асиметрија: летни фустани со необичен крој!
"Art will remain the most astonishing activity of mankind born out of struggle between wisdom and madness between dream and reality in our mind!"! My main fields of interest are arts and culture, but I am easily adaptable to different types of topics. Intrinsic interest in these two fields, of which I have followed successive developments, and in their singular and profitable union: scientific abstraction and sensory rapture, ephemeral and predictive, the attribute of success and the spirit of ‘innovation. ---------------------------------------------------------------------------------- Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Формалната цел на убавината е страста на љубовта; (нејзина омилена изрека).

НЕМА КОМЕНТАРИ