——————————————————————————————————

Во услови на светска пандемија, работата на уметничките институции воглавно се базира со презентирање интерактивни содржини на социјалните медиуми и по електронски пат, анимирајќи ја публиката со своите интерактивни содржини. Македонскиот Центар на ИТИ/ ПРОДУКЦИЈА во континуитет ги презентира своите културни понуди кои се во голем број и со  различна  содржина преку интернет медиумите, овозможувајќи на публиката да ужива  гледајќи ги настаните од своите домови.

——————————————————————————————————
  

 

 

Ве покануваме да ги проследите трите дигитални изложби – дигитален триптих во продукција на Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА:

1. Безвучна дигитална изложба на Јутуб: „Сценографија Скопје‘‘, дигитални фотографии на германскиот театарски фотограф Јан Папелбаум (Шаубуне, Берлин, Германија).
Во 2019 година Папелбаум беше во Скопје, како гостин ментор на сценографската работилница Преведување на визуелната драматургија поддржана од Гете институт Скопје; во слободното време тој го скаутираше градот Скопје, откривајќи локации и урбани композиции со сценографски потенцијал и драмска визуелност (перспектива на сценографот за едно поинакво видување на нашиот град).
Неговата фото сесија е подарок за нашиот Центар и културната јавност во Македонија.

Повеќе информации за овој проект на следниве линкови:

Автор: Јан Папелбаум
Дигитален куратор: Иванка Апостолова Баскар
Монтажа: Михаило Апостолов
Видео. https://www.youtube.com/watch?v=oaUsc54aFik&fbclid=IwAR0gSPtL9BwJkXh_8mi6Ve5n4pBS64YrjpB2lo3QOJBIgdmMRz8OhnxF56o
Фејсбук ивент. https://www.facebook.com/events/408984486743142/
Фејсбук албум. https://www.facebook.com/pg/MacedonianCenterofInternationalTheaterInstitute/photos/?tab=album&album_id=4027299453979436
Скопје 2020

2. Безвучна дигитална изложба на Јутуб: Театарски и танцови постери (студенти во акција). Соработка помеѓу нашиот Центар и студентите од прва и втора година моден, графички дизајн и ентериер на Факултетот за арт и дизајн, Европски универзитет, Скопје.
На тема Светскиот ден на театарот – 27 март и Меѓународниот ден на танцот – 29 април, студентите истражуваа и направија свои плакатни видувања/ликовни интерпретации за танцот и театарот, користејќи естетика и композиција на дигитален цртеж и адоб софтвери, конвертирани во ПДФ и ЈПГ формат. Изложбата е своевидна најава на еКнигата во издание на Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА, која ќе излезе од еПечат во текот на месец јули 2020 г. Со оваа соработка нашиот Центар започнува со нова традиција на соработки со образовни институции на тема оперни, театарски, танцови плакати, за поголема видливост на новите имиња-идните дизајнери, ликовно-визуелни уметници – идни театарски соработници.

Повеќе информации за овој проект на следниве линкови:

Автори/Студенти: Марија Петровска, Алба Стафаи, Меланија Георгиевска, Азра Камбери, Кристина Лалева, Мариго Антов, Стефанија Фидановска, Афра Кахреман, Марко Милетиќ, Артина Домазет, Фазиле Халили
Дигитален куратор: вонреден проф. д-р Иванка Апостолова Баскар (визитинг професор по Историја на уметност и дизајн, ФАД/ЕУРМ)
Соработник: проф д-р Гордана Вренцоска (декан, ФАД/ЕУРМ)
Монтажа: Михаило Апостолов
Видео.https://www.youtube.com/watch?v=D4YCO-wEjII
Фејсбук ивент. https://www.facebook.com/events/271316767522418/
Фејсбук албум. https://www.facebook.com/pg/MacedonianCenterofInternationalTheaterInstitute/photos/?tab=album&album_id=4036876179688430
Скопје 2020

3. Безвучна дигитална изложба на Јутуб: Преведување на визуелната драматургија (сценографски елаборати).
Како фолоуап на резултатите од сценографската работилница под менторство на Јан Папелбаум во 2019 г., нашите професионални театарски колеги – учесници во истата, се поделија на две групи – група Брехт (според драмата Кавкаски круг со креда) и група Ибзен (според драмата Дивата патка) и еден индивидуалец со елаборат на тема Шекспир (според драмата Мило за драго). Нивните сценографски елаборати се нивната ликовно-драматуршка визија на темите и драмските тензии во истоимените драми, замислени во алтернативни локации како скејт игралиште, градилиште, горниот спрат на ГТЦ, напуштена чекална на Железничката станица, мобилна опера, храната и пиењето во Друштвото на писателите во РСМ, дивите патки во просцениумот и други визуелни варијации на темите.

Повеќе информации за овој проект на следниве линкови:

Автори (сценографи, визуелни уметници, архитекти, режисери, драмски автори, актери): Енес Деари, Филип Коруновски, Марија Ветероска, Горјан Стојчев, Даница Спасевска, Благоја Ристовски, Марија Петровска, Игор Поп Трајков, Вишња Вујовиќ, Нина Николиќ, Мартин Манев, Симона Димковска, Јана Брсакоска.
Дигитален куратор: Иванка Апостолова Баскар
Монтажа: Михаило Апостолов
Видео.https://www.youtube.com/watch?v=KttJZJ78X20
Фејсбук ивент. https://www.facebook.com/events/1048342348894181/
Фејсбук албум.https://www.facebook.com/pg/MacedonianCenterofInternationalTheaterInstitute/photos/?tab=album&album_id=4062524823790232
Скопје 2020

Дигиталните изложби се на англиски јазик, за поголема меѓународна видливост и достапност, комуникација со нашите колеги од Балканскиот регион, Европа и светот.

Дигиталниот изложбен триптих е дел од годишната програма Сирота мала богата драма-Успонот и падот на драмата 2020 (трет и последен дел од овој тематски циклус), поддржана од Министерството за култура на Р.С. Македонија.
ЛИНК. https://www.facebook.com/events/605755963316212/

Однапред Ви благодариме за вниманието; Ви благодариме за соработката и поддршката.

Со искрена почит,

Екипата на Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА

Благодарност до  Македонскиот Центар на ИТИ ПРОДУКЦИЈА за отстапениот материјал и соработка.

Ivanka Apostolova – Head of Macedonian Center

 

НЕМА КОМЕНТАРИ