Диетата со јогурт е хит; рецепт како да изгубите неколку килограми за 3 дена

Пролетта е совршено време за диета со јогурт со која може да изгубите и до четири килограми, за само неколку денови.
Дејството на оваа диета се заснова на благодетите од пробиотичните јогурти кои го потикнуваат здравјето на цревната флора. Благодарение на нив, храната се вари побрзо, а токсините се излачуваат од телото. Кога храната темелно се вари, се подобрува и здравјето на цревата и општата здравствена состојба на организмот.
Се препорачува да пиете до 2 литри јогурт секој ден. Со јогуртот може да се јаде  свежо овошје, зеленчук и месо.

мени за 3 дена
1 ден
За појадок, јадете салата од краставица зачинета со јогурт. За ручек, испечете го пилешкото во маслиново масло, а како прилог изедете 2 домати и јогурт. За вечера, измешајте ги бобинките со јогурт и тоа јадете.

2 ден
За појадок изберете јогурт со гранола. За ручек издинстајте ги печурките и оризот на маслиново масло, а пред спиење изедете два моркови и јогурт.

3 ден
За појадок измешајте сирење, јаболко и малку цимет со јогурт. За ручек, филе од ослич, а прилог треба да биде салата од јогурт и краставица. Вечерајте пиперка, варено јајце и јогурт.

Оваа диета не смеете да ја држите повеќе од три дена за да не му наштети на телото. После 3 дена вратете се во нормалната исхрана, а ако сакате да ја повторите треба да почекате 3 недели.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренд: Маникир со накит!
Следна објаваРамни чевли и здолништа – наши лојални сојузници во овие тешки времиња!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ