Островот Самоа, сместен северо-источно од далечната Фиџи, е место на волшебна и недопрена природна вегетација, прекрасна островска глетка и активни вулкани што го опкружуваат овој град на бајките.

Самоа е исто така дом на спектакуларен природен базен што го посетуваат годишно се повеќе туристи од целиот свет! Прекрасниот базен во должина од 30 метри е опкружен со дивото зеленило на Полинезиските острови и се наоѓа на не помалку специјална локација; среде лава поле кај малото село Лотофага. Базенот го носи името Сен Океан Ров, што буквално значи голема дупка.

Имено, откако вулканот избувнал над селото, создадел голема дупка во земјата, која потоа се претвори во прекрасен базен, кој денес е вистинска атракција. Она што најмногу ќе ве воодушеви е смарагдната боја на водата, која навистина изгледа нереално, а до која се стигнува по скала поставена на самиот базен. Белиот песок и тропската крајбрежје на базенот сигурно ќе ве остават без здив.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРесторан во Милано со уникатен индустриски стил
Следна објаваИнтересно: тајландскиот крал во карантин на Алпите!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР