Еминентниот туристички портал Traveler’s Digest објави список на десет светски градови населени со најзгодни и привлечни мажи.

Дали се согласувате со списокот?

1. Стокхолм (Шведска)
Постојат стереотипи дека станува збор за емотивно дистанцирани мажи, но естетски гледано, нивните нордиски атрибути и исклучителна висина не можат да се порекнат. Просечниот маж од Стокхолм секогаш е беспрекорно облечен и хедонист, кој ужива во храната, модата и националната култура.

2. Њујорк (САД)
Некои велат дека ова е еден од највозбудливите градови во светот, на кој мултикултурализмот овозможува долг список на атрактивни мажи.

3. Амстердам (Холандија)
Тие се повисоки од просечните Европејци, софистицирано облечени и вистински џентлмени. Многу се љубезни и комуникативни.

4. Лисабон (Португалија)
Тие тврдат дека се сестрани, добро образовани и големи патриоти. Претежно високи, спортски и харизматични, тие честопати ќе ве изненадат колку многу ја разбираат нивната култура и наследството на другите нации. Ги ценат луѓето кои сакаат да импровизираат и заведуваат.

5. Буенос Аирес (Аргентина)
Аргентинките се меѓу најубавите жени во светот, но ниту мажите не заостануваат. Тие се секси, сензуални, знаат да играат танго, а покрај тоа тие се љубители на спортот и се добро образовани.

 

6. Сиднеј (Австралија)

Мажите во Сиднеј се сметаат за шармантни, духовити, интелигентни, паметни и силни мажи, а она што веројатно ги освојува сите жени е нивниот секси акцент.

7. Мадрид (Шпанија)
Тие се познати и како латини љубовници, затоа што се паметни, секси и романтични. Ако на тоа го додадеме нивниот непогрешлив модерен и софистициран шарм, тогаш ви е јасно зошто се наоѓаат на списокот на најатрактивните мажи на светот.

8.Берлин (Германија)
Еден од културно најразличните градови во Европа. Во овој град, мажите тврдат дека се интелектуалци со цврста желба за знаење и авантуристички дух. Тие уживаат да ги  забавуваат жените со пријатен разговор. Германците инаку се познати по својата интелигенција, оригиналност и добар изглед.

9. Милано (Италија)
Еден од најмодерните градови во светот, каде што најмногу се следи модата ги има најимпресивните мажи, кои се познати по својот златен тен и постојана желба за флертување.

10. Тел Авив (Израел)
Бидејќи се наоѓа во непосредна близина на Средоземното Море, ова место има важна современа културна сцена и стана вистински светски тренд. Без разлика дали се на плажа во текот на денот или во ноќни прошетки, мажите од Тел Авив пленат и зрачат со својот шарм и убавина.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТрговските центри со скратено работно време
Следна објаваХрана која ќе ви помогне да ги исчистите белите дробови од токсини!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР