Концертната сезона во Центарот за култура во Битола годинава започна со
двата концерти на Камерниот оркестар за кои се бараат билети плус, а крајот
на Февруари поточно на 29-ти, сабота, од 20 часот ќе го означи концертот на
познатиот новосадски женски квартет The Frajle.

Четирите дами Невена, Јелена, Марија и Наташа познати по нивната појава и
музички стил кој се толкува како “Војводинско танго” во 11 години “музичко патување” го пропатувале половина свет со својата музикa. На
листата на нивни настапи се бројат и оние на 10.000 метра во авион, во
Европскиот парламент, но и редица бесплатни концерти во болници и детски
градинки.

На 29 Февруари Битола е на календарот.

Сите оние кои барем еднаш одгледале нивни настап, знаат добро каква
енергија и какво музичко доживување ги очекува.

Овие четири вокално моќни, спонтани и шармантни дами, секогаш одново ја
изненадуваат својата публика со стихови, ноти и емоции кои го допираат
срцето и тоа трае од 2009 година.

Зад себе имаат неколку студиски албуми, а покрај одличните авторски песни, The
Frajle се исклучителни и во обработките.

Деновиве, својот концерт во Битола преку социјалните медиуми го најавија
со симпатични видеа во кои ја пеат “Битола, мој роден крај”, а сите оние кои
сакаат да ги слушнат четирите дами, во едно шоу, на 29 Февруари можат да дојдат
во Битола.

Картите  ќе бидат пуштени во продажба од 19-ти Февруари од 16 часот на билетарата во Центарот за култира во Битола.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар од 17.2 до 23.2.2020 – Драмски театар Скопје
Следна објаваВо Јапонија кампањата против високи потпетици е насочена кон сообразност и дискриминација
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР