Филмскиот фестивал Скопје Синема Сити му врачи награда за животно дело на познатиот американски композитор Филип Глас, за достигнувања во музиката и филмот. Ова е традиционална награда која фестивалот ја доделува од самиот почеток во 2015 г., кога му беше доделена на Дејвид Боуви.  За 2019 година лауреат на наградата на Скопје Синема Сити беше Влатко Стефановски, кому во рамките на фестивалот му беше организирана ретроспективна изложба на концертни плакати, насловена како „Патешествие“. Овогодишната награда на Глас му беше врачена за време на неодамнешните концерти во Филхармониската сала во Париз, каде што тој и неговиот ансамбл под водство на Мајкл Ризман, во три вечери ја изведоа музиката од трите култни филмови познати како трилогија Qatsi: Koyaanisqatsi, Powaqqatsi и Naqoyqatsi.

 

Во негова чест, во февруари 2020 г. Фестивалот ќе го прикаже филмот на Ерик Дармон – „Филип Глас: Гледајќи го Глас“, во Кинотека на Македонија, како дел од зимското издание на фестивалот.

Филип Глас денес се смета за најпознат и најуспешен американски композитор. Следната година, на 31 јануари 2020, тој ќе наполни 83 години и е сѐ уште активен и како композитор, и како изведувач. Тој е еден од четворицата основоположници на минимализмот – правец во класичната музика којшто во 60-тите и 70-тите направи револуција во класичната музика. Зад него е огромен опус што се состои од голем број симфониски дела, филмска музика, опери, музика за театар, дела за соло инструменти, хорска музика, итн. Тој има настапено во Македонија во 2000 г., кога во Универзалната сала одржа хуманитарен концерт. Во изминатиот период Глас беше актуелен со новата симфонија Lodger, која се базира врз третиот албум од берлинската трилогија на Дејвид Боуви, и операта Ехнатон, која оваа година постигна толку голем успех во Операта Метрополитен што решија да ја вратат повторно на репертоарот за следната сезона 2020/21.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубави новогодишни декорации за детски соби!
Следна објаваТопли џемпери инспирирани од празниците!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР