A1 Македонија, организаторот на А1 Game Fest 2019, најголемиот е-спорт и гејминг настан за оваа година, со задоволство објавува дека фестивалот на игрите оваа година ги надмина очекувањата на организаторите и учесниците и понуди вистинска забава за сите гејмери.

На настанот на кој продефилираа повеќе од 10.000 посетители од земјата и регионот, над 2000 пријавени гејмери се натпреваруваа во Clash Royale, Counter Strike: Global Offensive, FIFA20, DOTA2, Fortnite, Hearthstone, Tekken 7, и во Cosplay натпревар во маскирање. Со своето присуство на големо задоволство на присутните и учесниците настанот го збогати и Мартин `Saksa` Саздов, најдобриот играч на DOTA 2 од Македонија во светот, кој го има освоено второто место на The International во 2016 со својот тим – најголемиот турнир во DOTA 2. 

Натпреварите се одвиваа преку 10 гигабитен линк обезбеден од страна на А1 Македонија. Оптичкиот интернет покажа супериорен квалитет и стабилност со брзина од скоро 1 гига, неопходен за ултимативно гејмерско искуство.

Во соработка со GG.MK, сите натпревари беа покриени од коментатори за секоја игра посебно, стримани во живо на сервисот на GG.МК, a пренесени преку најсовремената мрежа на А1 Македонија. 

Трите најголеми сали и холот на Cineplexx доловија амбиент во духот на светските гејминг натпревари. 
Наградниот фонд за натпреварувачите беше околу 10 илјади евра, а на публиката и беа поделени и преку 1000 подароци, како и опрема за гејминг обезбедена од компанијата Сетек Сè од Техника – изложувач на А1 Game Fest 2019.

А1 Македонија останува посветена на најновите трендови на светската телекомуникациска сцена која го инкорпорира гејмингот како дел од поп културата и на е-спорт и гејминг заедницата во земјата која незапирливо расте. А1 Game Fest останува на мапата на активности на компанијата во знак на негување на оваа култура, нејзина поддршка и унапредување. 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКамерна изложба на црногорскиот уметник Џелош Џокај во соработка со Музеј и галерија од Подгориц
Следна објаваПодарете на најблиските патување во Швајцарија сo Revalid®
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР