Алтернативниот театарски перформанс АКТЕР ЧОВЕК кој веќе една година е активен во Скопје, продолжува со својот алтернативен пат.

Гостува во градовите низ државата, одигран на неколку значајни фестивали и манифестации. Беше дел од фестивалот на камерна драма “Ристо Шишков” каде ја зема наградата на НЕТА за Истражување на тајните на актерското мајсторство, Скопско Лето, Лица без Маски. На интернационалното гостување во Словенија, Постојна ја зема наградата за најдобар алтернативен перформанс, а на Интернационалниот фестивал во Приштина, Томе Станковски ја зема наградата за најдобро актерско остварување.  

АКТЕР ЧОВЕК како алтернативен проект е прв кој е препознаен од интернационалниот театар во Приштина AAB Theater  “Faruk Begolli” и на нивна покана станува дел од нивниот редовен репертоар, во кој приштинската публика ќе има можност да ја гледа претставата еднаш месечно. Актерите ќе играат на англиски јазик, но и на својот мајчин јазик. Ова е првиот алтернативен проект кој станува дел од репертоарот на институција која е вон нашата држава. Првата изведба е закажана за 19. декември. 

Автор и режисер на претставата е Теа Беговска. Играат Томе Станковски, Теа Беговска и Даријан Петров, а автор на музиката е Енес Беговски. 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрограма во Јавна Соба
Следна објаваУметноста и прекаријатот на просторот / АИКА симпозиум насловен „Ликовната критика денес“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР