Денес под мотото “Ментална хигиена” се отвора деветтото издание на Скопската Недела на Дизајн во Јавна соба.  Влезот за сите посетители на дневна и вечерна програма е слободен.

Менталната хигиена ја одбравме пред сè како иницијатива со која би го промениле сето она што го навредува дизајнот, а го поддржува сопствениот стил на живот, работа и моментите кои не дефинираат нас. Дизајнот можеме да го сретнеме насекаде, во секојдневниот живот, низ различни форми, пишан збор, фотографија, музика, индустриски дизајн, активизам итн. На нашето општество потребен му е бран на ментална “чистка”, пред се преку потврда на нашата работа овие девет години. – изјави Тамара Георгиевска – менаџер на Skopje Design Week. 

За прв пат годинава, Скопската Недела на Дизајн нема земја во фокус, но затоа им оддаде почит на сите дизајнери и дизајн сцени од бившите Југословенски просторино и пошироко. Артисан (БиХ), Газда (БиХ), Гир (Србија), Група (Хрватска), Просторија (Хрватска), Занат (БиХ), ПалтформатаYoung Balkan Designers (Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Албанија и Македонија), Здружението на дизајнери од лица со посебни потреби “In My Shoes”(Македонија), актуелниот добитник на престижната награда за германски дизајн – Завар Дизајн (Македонија), дизајнерката на внатрешен ентериер Ивана Пешликовска, како идизјнерот на внатрешен ентериер Кирче Стојоски (Македонија), брзо растечкиот домашен производител Софа Студио (Македонија), Спектра (Македонија), Natuzzi, и уникатната работилница составена од дизајнери од Холандија, Велика Британија, Белгија и Македонија за дизајн на мобилна градина за лица со посебни потреби “On the point”.

Во рамките на работната програма, се случуваат различни типови на работилници и предавања кои ја опфаќаат менталната хигиена во целост. Работилниците и предавањата се стационирани во Cosy Room на третиот кат: “Како до нови клиенти употребувајќи дизајн размислување”, “Дизајнот и неговата бескорисност”, “Измисли ја својата маица” (наменета за деца), “Базилико – презентација за софтвер за вински барови и ресторани”, “Чувајте го вашиот ментален мир додека водите бизнис”, “Што е дизајн” – презентација на уникатниот продукт дизајнер Никола Узуновски, “Користете го паметно вашиот кревет”, “Секс, врски и (себе) дизајн”. 

Она што можеби ги врзува сите на едно место е храната, затоа за прв пат на Скопската Недела на Дизајнот се организира час по готвење под капата на мастер готвачот Ренато Краљев, на 30.11.2019 со почеток во 12:30, додека по овој час следи вечерата “Вкусот на Задар” која започнува во 19:00 часот.

Со почеток од 21:00 часот со настапот на футуристичкиот грув состав “El Jazzeyra” составен од Жарко Марковиќ, Александар Милојковиќ, Владимир Богосављевиќ и Андрија Минчиќ кој изведува DJ перформанс во живо на различни инструменти (гитара, саксофон, пијано, труба, кларинет, бас) официјално се отвора Скопската недела на дизајн. Од нив може да се очекуваат уникатни музички импровизации користејќи ги различните музички жанрови како jazzy, funk, nu disco, deep & tech house. 

Додека во наредните денови можеме да ги видиме “The three of us” (четврток, 21:30), “Lincoln Letter” (четврток, 22:30), “Retro Ringtones” – македонски евергрини (петок, 21:30), “Naked” (сабота, 21:30), DJ Александар Мискоски (недела, 13:00)

Детална програма на настанот на: www.ministryofpleasure.net

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовремен стан во Сохо!
Следна објаваПрвиот Skopje Whiskey Fest официјално заврши! Конечно и Скопје има свој виски фестивал!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР