Во Музејот на современата уметност – Скопје, денес, на 8 ноември, со почеток во 21 часот ќе се отвори изложбата „СИСТЕМА“ на Никола Радуловиќ. Куратор на постановката е Бојана Јанева-Шемова.

Никола Радуловиќ е добитник на наградата за најуспешен автор и дело на XII Биенале на млади уметници доделена од Музејот на современата уметност – Скопје.
„„СИСТЕМА- Book of Sclavin 2.0“ е вториот дел од книгата „Book of Sclavin“ – серијалот на анимирани книги, која заедно со првиот дел и интерактивната игра „Генеза“ ја формираат трилогијата „Book of Sclavin“, вели авторот.
„Система“ е исто така и името на изложбата на која е претставена трилогијата преку интерактивни објекти со кои може да се истражуваат книгите и пазлс играта во изложбениот простор.
Постановката ќе биде отворена до 8 декември оваа година.





![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)












