Во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелератор, минатиот викенд се одржа 5-от по ред натпревар за деца од 8 до 14 години, NASA Kids Space Challenge 2019, како дел од првата Space Tech Convention, во С.Македонија. За време на натпреварот децата работеа на претходно зададени предизвици, односно креираа всленски летала, креираа ровери што истражуваат други планети и изработуваа живеалишта на други планети. 

Hady Milani – Suborbital Scientist, Astronaut (Italy), Bianca Cefalo – Aero Space Engeneer at Airbus UK, STEM Ambasador,  и Marko Piskachev – Aero Space Engeneer, Azimut ,Germany, откако ги слушнаа презентациите на сите 15 тима и поразговараа со сите учесници на темата, ги избраа 3-те победнички тима: Миа, Јаков и Бодан (НОВА и ЕФИС) кои го изработија победничкиот ровер,  Мелина , Софија и Ела (НОВА) и нивното креативно решение за тоа како би изгледала идна населба на Марс и Леон, Ведран и Леонид (Коле Неделковски и Ацо Шопов) кои работеа на дизајн на ракета и направија демонстрација на слетување со падобран. Најдобрите 5 модели се изложени на првата Space Tech Expo која се одржуваше во Скопје, хотел  Александар Палас од 21 до 23 октомври.  

На натпреварот земаа учество деца од повеќе основни училишта од Скопје, НОВА, Јахја Кемал, ЕФИС, ИПС, Димо Хаџи Димов, Христијан Тодоровски Карпош, Димитар Миладинов, Григор Прличев, Шопов, Лазо Трповски, Живко Брајковски, Коле Неделковски, Рајко Жинзифов, 11 Октомври, од основното училиште Наим Фрешери од Тетово и Малина Поп Иванова од Кочани. 

За време на натпреварот децата користеа најразновидни материјали, а при изработката на моделите имаа помош од менторите Драган, Веле и Драган од Народна Техника. 

Целта на овој натпревар беше да се поттикне интересот кај децата за СТЕМ областите, аеронаутиката и дизајн на продукт, љубопитноста за проучување и истражување на вселената, како и нивниот интерес за решавање на предизвиците со кои се соочува човекот при планирање на вселенските мисии.

Натпреварот се одржуваше во просториите на меѓународното училиште НОВА во Скопје.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 5 модни додатоци за есен!
Следна објаваСветска премиера на осмата генерација на Volkswagen Golf
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР