Уште откако ќе влезете во Куршумли-ан веднаш ја чувствувате магијата којашто овој фестивал ја создава секоја година во изминативе десет лета. А, како големи вљубеници во Македокс, драго ни е што со години веќе сме дел од него и што можеме и оваа година да ви пренесеме барем дел од атмосферата на креативниот фестивал на документарни филмови.

Од година во година го гледавме како расте, како од неколку реда столчиња исполнети со луѓе кои ги впиваат сите животни приказни кои се прикажуваа на платното под ѕвезденото небо, на десет годишнината гледаме проекции исполнети до последно место во Куршумли-ан, на платото надвор, во МКЦ и Кино Милениум. Селекцијата на филмови и оваа година одлична како и секогаш, им нуди на вљубениците на документарни филмови извонредно патување низ различните приказни од целиот свет, а програмата за Докуникулци ни нуди свежина во светот на документарни филмови преку објективите на младите режисери. 

Оваа година Македокс отвори со „Мизерикордија“ на Ксавиер Марадес и „И сѐ стана песна“ на Шејмус Марфи, а потоа гостите уживаа во волшебните звуци на Џон Периш и Марта Колика, со Џорџа Поли како специјална гостинка.

Деновите потоа гледавме уште многу одлични документарни филмови, како „Акварела“ на Виктор Косаковски, „Ѕидот“ на Јорген Ботчер, „Тетовски Самрак“ на Билјана Гарванлиева и Мануел Зимер и уште многу други.

Огромен впечаток ни остави и филмот „Додека мајка ми исчезнуваше“ на младиот режисер Бен Баресе од Италија, кој гостуваше во Куршумли-ан заедно со протагонистката на филмот, неговата шармантна мајка Бенедета Барзијани.

Останува да видиме уште што ќе ни донесе ова јубилејно издание на Македокс овие денови, а со нетрпение го очекуваме и затворањето заедно со македонскиот филмски бисер „Медена Земја“ и концертот на Фолтин.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГо најавуваме – избор на мажи на годината за 2019 година
Следна објаваНајинтересни модни комбинации на доделување MTV VMA наградите!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР