Во Музејот на Република Северна Македонија, свечено ќе биде отворена изложбата на дела од Галина Назаренко, уметница на петрикивското сликарство. Изложбата ќе ја отворат Владимир Лазовски, заменик министер за култура и Н.Е. Наталија Задорожњук, амбасадор на Украина. Отворањето ќе се одржи во 19 часот.

Галина Назаренко од 1990 година до денес работи како уметник на петрикивското сликарство. Во портфолиото има како класични дела на дрво и слики направени на хартија или платно, како и експериментални слики на ткаенина,керамика, стакло, пластика. Уметницата, исто така, работи на интериер и првпат изведе сликање на црква.

Меѓу нејзините омилени сижеа се украинското село, иконите, Козакот Мамаа, свадбениот воз, волшебни птици.

Во периодот на творечката дејност создала над 2000 дела во различни техники и материјали. Има повеќе од 35 самостојни и над 70 групни изложби во Украина и

во странство (САД, Канада, Кина, Јапонија, Франција, Италија, Португалија, Шпанија,Германија, Австрија, Бугарија, Казахстан, Белорусија, Туркменистан и др.).

Нејзините дела се чуваат во музеи и приватни колекции во Украина, Полска, Бугарија, Франција, Канада, САД, Португалија, Кина, Австралија, Италија, Германија, Шпанија, Белорусија.

Уметницата е член на Националниот сојуз на мајстори на Украина, член е на Асоцијацијата на уметниците на Марсеј (Франција) и на Асоцијацијата на народните мајстори на Украина.

 

ПЕТРИКИВСКОТО СЛИКАРСТВО е традиционален укрински декоративен стил на сликарство, кој потекнува од селото Петрикивка во Днепропетровската област на Украина, каде традиционално се користи за декорирање на ѕидовите од куќите и секојдневните предмети од домаќинството.

Најраните познати примери на овој стил датираат од 17-ти век, но продолжуваат да напредуваат и да се развиваат како модерна уметничка форма.

Посебни карактеристики на овој народен уметнички стил се неговите цветни модели, посебни техники на четка и неговата традиционална бела позадина (современите сликари, сепак често работат на црна, зелена, црвена или сина позадина).

Во 2012, Министерството за култура на Украина го призна Петрикивското сликарство како дел од нематеријалното културно наследство на Украина и беше вклучено во Репрезентативната листа на УНЕСКО на нематеријалното културно наследство на човештвото во 2013. Петрикивското сликарство стана “бренд” во украинската популарна култура, а „Петрикивка” заштитена трговска марка на занаетчиите од селото.  

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИзложба на графики од Илија Пенушлиски во „Акантус“
Следна објаваНајголемиот танцов камп и фестивал на Балканот „Битрикс Танцова Лига 5”
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР