Со задоволство ве известуваме дека вечерва во 19 часот во Копенхаген, Данска, во организација на Данскиот филмски инситут ќе биде отворен Фестивалот на македонски современ филм.

Во селекција на филмскиот критицчар Гена Теодосиевска, данската публика во следнава недела ќе има можност да ги проследи филмовите: „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески, „Превртено“ на режисерот Игор Иванов Изи, „Три дена во септември“ во режија на Даријан Пејовски, „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски и „Амок“ на режисерот Вардан Тозија.

Овој настан е продожување на соработката меѓу ИФФК „Браќа Манаки” и Данскиот филмски институт откако пред две години во програмата „Земја во фокус” беше претставена данската современа кинематографија.

Честа да го отвори фестивалот му припадна на филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески.
На отворањето вечерва пред публиката ќе се обратат Јеспер Андерсон претставник на Данскиот филмски институт, Гена Теодосиевска, директор на фестивалот „Браќа Манаки“ и амбасадорот на Северна Македонија во Кралството Данска, Александар Новотни.
По проекцијата на филмот, амбасадата ќе приреди коктел за поканетите гости.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДрамскиот аматерски фестивал – ДАФ прославува 60 години од своето постоење
Следна објаваКако модерните жени носат одела со пантолони
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР