Ремиксувај ја својата културна стварност

Изложба во јавен простор на редизајни на постери за македонски филмови, корици на музички албуми и на книжевни дела од македонските автори изработени како дел од јавниот повик „Ремиксувај ја својата културна стварност“. Автори на редизајни кои ќе бидат претставени во рамки на изложбата: Дарко Дојчиновски, Ивана Темелкоска, Јулијана Росоклија, Милан Крстевски, Вили Стоилова, Владимир Трајановски, Александар Јосифовски, Ангелина Кичукова, Бисера Михајловска, Димитар Грчев, Маја Атанасоска, Марко Јанев & Петар Џајковски, Нора Николоска и Калиопи Илиевска.

Соработка со Аксиома – асоцијација за културна соработка и истражување

Аксиома е асоцијација на ентузијасти која ги промовира ремикс-културата и интерактивните уметности, притоа обидувајќи се да ги вкрсти со општествените случувања кај нас, но и со социјалните движења во светот. Досега е вклучена во организација на проекти од областа на културата и издаваштвото, во кои се обидува да пополни одредени празнини што постојат на тие полиња кај нас.

СКОПЈЕ КРЕАТИВА фестивал за развој на креативните индустрии
 
„Скопје креатива“ е фестивал за развој на креативните индустрии во Македонија; целта на фестивалот е поттикнување и развој на културно-креативната индустрија во Скопје и Македонија преку континуирано настојување за креативно поврзување и соработки помеѓу локалниот уметничко-креативниот сектор со заедниците на бизнисот, идустријата, претприемачкиот сектор во Македонија. Фестивалот „Скопје Креатива“ на својата публика и` нуди можност за запознавање со различни идејни и проектни развојни нивоа, на предлози и реализации на прототипи од областа на креативните индустрии, преку различни и досетливи медиумски интерсекции, кои претставуваат инспиративен спој на уметничкото, културното творештво со креативната страна на индустријата. Потенцијалот е голем, потребни се континуирано-цврсти, темелно-интегрирани соработки, кои ќе го изградат и остварат својот импакт во локалното општество и светот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР