Унгарската Амбасада Во Скопје во соработка  со Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, Ве поканува на отворањето на изложбата „БУДИМПЕШТАНСКИ ПРИКАЗНИ“, која се реализира во рамките на манифестацијата „Унгарски недели во Северна Македонија“.

Изложбата од познатите унгарски фотографи Имре Кински и Ото Кајзер  ќе биде отворена на 02.05.2019 (четвроток) во 19:00 часот во Уметничката Галерија во Тетово.

На изложбта ќе се обратат директорот на Уметничката Галерија г-дин Решат Пајазити, авторот на изложбата Ото Кајзер, Амбасадорот на Унгарија  во
нашата држава Н.Е. Ласло Дукс и градоначалничката на општина Тетотво Теута Арифи.

БУДИМПЕШТАНСКИ ПРИКАЗНИ

Еден град. Навидум камења и луѓе. Но зад играта на светлата и сенките има ситни раскази. Сликите на двајцата фотографи, ги бришат податоците за годините и ги маскираат местата на настаните. Сликите на Имре Кински направени на почетокот на дваесеттиот век и скоро 100 години подоцнежните фотографии на Ото Кајзер ги раскажуваат речиси истите приказни. Левитацијата на двајцата се сплетува во една приказна за Будапешт, затоа што восхитот, со којшто се вртат кон камењата, е истоветен со љубовта, со којашто се вртат кон луѓето.

ИМРЕ КИНСКИ (KINSZKI IMRE 1901-1945)

Додека стручната литература се потсетува на творецот Имре Кински егзекутиран во Холокаустот, како рамноправен на Брашаи, Андре Кертес и Мохој – Наѓ, публиката сепак помалку е запознаена со неговото творештво.

Првиот негов фотографски апарат, Имре Кински го добил од жена му, по повод раѓањето на нивното прво дете. Малиот апарат бил заменет со посериозна опрема, а пак самиот Кински конструирал еден фотографски апарат наречен KINSECTA,  наменет специјално за слики од блиску. Една од омилените теми му станало фотографирањето на детали на растенија, на ситни, па дури и на микроскопски животни.

Подоцна интересот на Кински се свртил кон Будапешт. Дел од неговите фотографии се направени преку прозорот на службениот простор, веројатно дури и во работно време, но овој мал ексцес му бил толериран на овој службеник, инаку познат по својата прецизност, кој водел коресподенција на пет јазици. Рано попладне, кога ќе ја затворел последната фасцикла, почнувала „втората смена” на Кински: прошетка низ градот, барајќи ги контурите на светлата и сенките, со камера во раце.

Иновацијата на Кински не се крие во изборот на темите, туку во новиот пристап кон јазикот на формите, во начинот на компонирањето на фотографиите на мртвата природа, на улиците, на животот, во начинот на ракувањето со односите на светло-сенка, особено од аспект на иновативната „прозорска перспектива”. Ги овековечил пулсирањата на камената џунгла преплавена со дожд или светлина, граѓаните кои ги вршат своите работи или зеваат во излози, секојдневието на улиците.  

На Кински силно влијание имале и неговите рани модернистички фотографски напори. Него можеме да го сметаме за најдоследниот творец на унгарскиот нов објективизам (Neue Sachlichkeit). Покрај новиот пристап кон урбаните и жанровските фотографии правел и макро фотографии и слики на природа. Неговата кариера се провлекува низ тројството на филозоф, биолог, фотограф, всадени во рамката на битисување на службеник, за обезбедување на својата егзистенција. Кински станал се поуспешен фотограф, неговите написи редовно се појавувале во домашниот печат, неговите слики пак ги објавувале такви звучни странски списанија, како што се National Geographic или American Photography. Основач е на Групата на Модерни Унгарски Фотографи.

Сепак зад навидум идиличните урбани и жанровски фотографии, се појавила се повеќе застрашувачката општествена и политичка реалност. Имре Кински последен пат бил виден марширајќи во унгарски работен баталјон кон Sachsenhausen, во Јануари 1945.  

ОТО КАЈЗЕР (KAISER OTTÓ 1953 – )

Роден е во еден мал унгарски град Pápа, во 1953 година. По завршувањето на студиите по фотографија, се обидувал да ги осознае тајните на занаетот во студијата за фотографии на постари мајстори. Покасно се вработил во претпријатието за производство на филмови во Будапешт, за да може да ја проучува свесната употреба на осветлувањето и играта на светлото и сенката. Во меѓувреме за обезбедување на егзистенцијата склучил договори со списанијата на главниот град како фотограф, каде се занимавал со изготвување на весници и книги.

Во изминатите декади работел како фоторепортер, како уредник за фотографии, како главен уредник, основал повеќе стручни списанија од областа на културата и фотографијата. Близу четириесет фотоалбуми му се објавени, со неговата работата и изложбите бил во педесетина земји. Фотографиите од неговиот албум насловен како Мојата љубов, Будапешт,  со голем успех ги претставил меѓу останатите и во рамките на Унгарската Културна сезона во Италија во 2013. година, во Францускиот Институт за Култура во Фиренца, во вилата Финали (Villa Finaly). Често соработува со писатели, поети, музичари, со кои продуцираат помали филмови, есеи. Во последните декади „пријателството” помеѓу уметничките жанрови го води кон потрага по творци од унгарско потекло, кои живеат во подалечните точки на светот, за да им направи портрети. Досега во петнаесет држави посети 250 уметници. Една друга област на неговото творештво претставува овековечувањето на тврдини, замоци, цркви, плоштади во помалите градови, селски порти…, на унгарското културно наследство во базенот на Карпатите, со што исполнува мисија на спасување на вредности.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛетни модни трендови за XL дами!
Следна објаваПромоција на „Кога заминав од Карл Либкнехт“ од Лидија Димковска во издание на Или-Или!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР