Почитувани нашите дами, доаѓа летото, но дали вашиот плакар е подготвен? Погледнете ги нашите совети и упатства за тоа како да ги носите летните модни трендови на најдобар начин и да се чувствувате феноменално во вашата кожа!

Пастелни бои – сигурно се плашите како ќе изгледате во пастелни бои! Не грижете се, важно е само да го направите вистинскиот избор на крој, кој ќе одговара на вашата телесна градба. Одберете меки парчиња изработени од квалитетен “тежок” материјал кој ќе ја потенцира вашата половината. Препорачуваме мали штикли за повитка фигура.

Related image

Комбинации со многу бои се комплетен хит на сезоната. Шарени во форма на лелеави фустани се препорачуваат за оваа пролет / лето сезона. Инспирациите со цветните дезени се идеален избор за претстојните топли денови.

Принтови – ќе ги најдете во секој бутик во градот! При изборот на таква облека, бидете внимателни да бидат ваша големина и правилен принт. Никако поголем број за да имате поголема комоција и обавезно поситна шара. Имајте на ум дека облеката со принт сама по себе е впачатлива, па така да накитот и додатоците во овој случај се вишок. Ако сепак не можете без накит, одберете помали модели.

Црно-бело-вечната класика – не можете да направите грешка со оваа комбинација. Без разлика дали се точки, шари или асиметрија – изберете што е најдобро за вас. Внимавајте да не бидете закопчани до грлото или да доминира црната боја. Важна е симетријата во однос на боите.

Ако ги следите правилните модни совети, сигурни сме дека ќе се чувствувате добро во вашата кожа ова лето, бидејќи добриот стил нема големина!

Image result for letnji modni trendoviRelated imageRelated imageImage result for letnji modni trendovi

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР