,,Целото наше постоење е една голема игра” – танцот на Лилит, играњето улоги, движењето на енергиите, играта на Шива што создава и разорува-Гордана Деан Попхристова за Меѓународниот ден на танцот.

 

Вечерва со почеток во 18.15 часот, Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА во соработка со ЕУ Инфо Центар ќе организира програма по повод Меѓународниот ден на танцот 29 април 2019.

Програма:

18.15-18.17, Воведно излагање на доцент д-р Иванка Апостолова (Раководител на Македонскиот центар на ИТИ)

Гости:

18.17-18.20, Читање на Светската порака напишана од Карима Мансур (кореограф, танчер, едукатор од Каиро, Египет). Чита: Сотир Трајков (модератор)

18.20-18.45, Во името на Гордана Деан Попхристова (Еквадор/Македонија) настапува актерката Нина Деан Попхристова:

-Читање на македонската порака напишана од Гордана Деан Попхристова (авторка на македонската порака во 2019 г.). Чита: Нина Деан Попхристова (актерка, МНТ Скопје)

-Разговор со Нина Деан Попхристова за работата и достигнувањата на Гордана Деан Попхристова (едукатор, кореограф, танчерка – Студио Ребис, Еквадор/Македонија) (30 мин). Модератор на разговорот: Сотир Трајков (новинар, театарски критичар)

18.45/18.50-19.15, Редовен Проф. д-р Соња Здравкова Џепароска (Професор, истражувач, теоретичар ФМУ Скопје) – Македонското танцово образование – состојби, рефлексии и перспективи (20 мин)

19.15-19.30, Олга Панго (Уметнички директор за балет, МОБ Скопје) – Танцот во Македонија (10 мин)

19.30-19.50, Вонреден Проф. д-р Искра Шукарова (Професор, кореограф, перформер, танчер ФМУ Скопје) – Балетска педагогија на ФМУ/Проект: Nomad to Nomad (20 мин)

19.50-19.55, Валентин Апостоловски (Кореограф, перформер, танчер) – Видео танц/Видео кореографија (5 мин)

19.55-20.30, Сесија за прашања и одговори

20.30-21.30, Дружење/освежување

Иницијатори и организатори: Македонски центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА

Покровители: Министерство за култура на Р.Македонија

Партнери/соработници: ЕУ Инфо Центар Скопје

Програмски продуцент/Проектен менаџер: д-р Иванка Апостолова Баскар

Модератор: Сотир Трајков

ТИМ

Видео и фотографии: Михаило Апостолов
Дизајн/прелом: Иванка Апостолова, Игор Панев

На настанот публиката и учесниците ќе имаат можност да ја слушнат пораката по повод денот на танцот од нашата реномирана уметница Гордана Деан Поп Христова, која живее и работи во Еквадор. 
Извор:

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР