На годинешното 22. издание на Скопје филм фестивал, се одржуваат две работилници за различни аспекти на создавањето филм.

 

Во организација на Млади активисти за промена и Женска алијанса, во соработка со Скопје филм фестивал и Денови на квир кино се одржа четириденвната работилница за правење филм што меѓу другото вклучуваше практична работа за основните филмски техники и камера, развивање на индивидуалните идеи за филм, работилница за монтажа, а последниот ден и создавање на еден краток филм. Предавачи на оваа работилница беа Крис Белони, продуцент и режисер на документарни филмови.

Меѓународниот квир и мигрантски филмски фестивал Амстердам кој го иницирал во 2015 година. Нинке Ејсинк, холандска филмска професионалка и режисерка, Салим Салам, филмски професионалец, писател и истражувач и Ханис Багашов, режисер, сценарист и актер.

Утре почнува работилницата „Умешноста на добриот пичинг: подготовка и пракса“ во организација Креативна Европа МЕДИА Деск МК во соработка со Агенцијата за филм и Скопје филм фестивал.  Се работи за интензивна тренинг програма со цел да ги обучи и подготви македонските продуценти, режисери и сценаристи како најдобро да го пичираат својот проект и да се стекнат со конкретни вештини и знаења за пичинг, и воедно да го пичираат својот проект пред интернационалниот експерт Брајан Мекгил, кој ќе даде свои совети и препораки за секој проект поединечно.

Брајан Мекгил е шкотски сценарист, консултант и професор кој повеќе од 25 години пишува ТВ- серии за британска и француска телевизија, меѓу кои и за наградуваната серија „Taggart“.

Вечерва (понеделник 22.04) по проекцијата на филмот „Киселина“ во 20 часот во кино Фросина, на прашања од публиката ќе одговоара гостинаката на фестивалот, актерката Анастасија Евграфова.

Филомот „Киселина“ на рускиот актер и режисер, Александар Горчилин („Ученикот“) стои зад камерата на овој смело синематски и бескомпромисен поглед на современа Русија преку очите на група пријатели во главниот град, Москва. Режисерското деби на Горчилин е за празнината на младешкиот живот и генерациските конфликти меѓу децата и родителите. Филмот нуди модерен поглед во светот на младата руска буржоазија, кои преку секс, дрога и техно, се мачат да најдат надеж и значење во бруталниот свет.

Во рамките на програмата Посебни проекции на Скопскиот филмски фестивал, утре 23 април (вторник) во 20 часот во кино Фросина, ќе биде прикажан документарецот за раскошната изведба на модното шоу наречено „Модно фрик шоу” на Жан Пол Готје, еден од најистакнатите и највпечатливите француски дизајнери на висока мода, препознатлив по неговите импресивни и субверзивни креации.

Веднаш по проекцијата на филмот ќе следи дискусија „Модата и родовиот идентитет” со специјалната гостинка Луиз Валенберг, професорка по модни студии во Центарот за модни студии при Универзитетот во Стокхолм, и поранешна директорка на Центарот. Нејзините истражувања се фокусираат на родовиот идентитет, сексуалноста, класите и етносот во областа на модата и филмот.

Разговорот ќе го води Кристина Глигоровска, модна истражувачка, членка на француската мрежа за модно истражување – Culture(s) de Mode. Нејзината експертиза е анализа на модата како мултидисциплинарна област, со фокус на врската меѓу модата, телото и технологијата.

Програма за 22 април:

Кино Фросина

18:00 ФАРЕНХАЈТ 11/9FAHRENHEIT 11/9 USA, 2018, 128 min.

документарен филм

Режија/Director: Michael Moore

Улоги/Cast: Jim Acosta, Alexandria Ocasio-Cortez, Ashleigh Banfield

20:00 КИСЕЛИНА / ACID Russia, 2018, 98 min.

Режија/Director: Alexander Gorchilin

Улоги/Cast: Filipp Avdeev, Alexander Kuznetsov, Arina Shevtsova

Q&A Anastasiya Evgrafova

22:00 СИЛВАНА / SILVANA Sweden, 2017, 95 min. документарен филм

Режија/Director: Mika Gustafson, Olivia Kastebring, Christina Tsiobanelis

Улоги/Cast: Silvana Imam, Beatrice Eli, Lilia Bakanauskaitė

*слободен влез

Кинотека на Северна Македонија

18:00 ТВРДИНА / FORTRESS Russia, 2019, 100 min.

Режија/Director: Igor Zaytsev

Улоги/Cast: Ilya Malanin, Dmitry Dyuzhev, Dmitry Nazarov

20:00 БЕЛ, БЕЛ СВЕТ /WHITE, WHITE WORLD Serbia, Germany, Sweden,

2010, 121 min.

Режија/Director: Oleg Novković

Улоги/Cast: Uliks Fehmiu, Jasna Đuričić, Nebojša Glogovac,

Meto Jovanovski

22:00  ТРИ ЛИЦА / THREE FACES Iran, 2018, 100 min.

Режија/Director: Jafar Panahi

Улоги/Cast: Behnaz Jafari, Jafar Panahi, Marziyeh Rezaei

Кафе – кино Котур

20:00 КРАТКИ ФИЛМОВИ II

Програмата, распоредот, податоци за филмовите и настаните видете ги на http://www.skopjefilmfestival.com.mk/

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава72 Издание на Канскиот Филмски Фестивал-(14-25 мај)
Следна објаваРетроспективна изложба на Костадин Танчев – Динка во Даут пашин амам
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР