Овогодинешното издание на Канскиот Филмски Фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај. Престиѓниот фестивал ќе биде отворен со прикажувањето на премиерата на новиото филмско остварување на режисерот Jim Jarmusch, (“The Dead Don`t Die”).

На листата на веќе објавената филмска програма може  да се видат многу познати имиња од светот на филмот меѓу кои се: Ken Loach,(“Sorry We Missed You”), Pedro Almodovar,(“Pain and Glory”), Xavier Dolan,( Matthias and Maxime), Terrence Malick,(“A Hidden Life”), Marco Bellocchio(“Traitor”).

Jim Jarmusch and Iggy Pop

Директорот на фестивалот не ја исклучи можноста покрај овие 19 филмски остварувањада влезат и други филмови во главната конкуренција. Интересен е фактот е дека годинава се застапени жени-режисерки дури 13, од кои четири се во трката за Златната Палма,(Mati Diop’s Atlantique, Jessica Hausner’s Little Joe, Celine Sciamma’s Portrait of a Young Lady on Fire and Justine Triet’s Sibyl).

“Little Joe”,directed by Jessica Hausner

Филмот на Педро Алмодовар,(“Pain and Glory”)

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР