На 26 март, со почеток во 20 часот, во ноќниот клуб Станица 26, концерт ќе одржи култниот тромбонист Фред Весли заедно со неговата група под наслов „Fred Wesley Generation Trio“.

Концертот е во организација на 3Гонга и Funky Fresh,, локална поддршка Гоце&Чваре.

Поминаа декади од неговата соработка рамо до рамо со Џејмс Браун и Џорџ Клинтон, соработки, кои го етаблираа како еден од архитектите на фанкот.

Денес, неговото трио е конекција на неколку генерации. Легендарниот Весли наполни 75 години, италијанскиот продиџи на клавијатури Леонардо Коради има само 25 години, а тапанарот од триото Тони Меч има 45 години. Тројца музичари, кои првично пред повеќе години се собраа да му оддадат почит на легендарниот џез музичар Џими Смит, но нешто „кликна“ меѓу нив и тие продолжија како трио да настапуват понатаму заедно се до денес. Нивната музика е производ на талентот и огромното искуство на Весли, звук обоен со уникатни влијанија, вклучувајќи и африкански ритми и електронски звуци.

Фред Весли ја започна својата кариера како тинејџер – тромбонист на Ајк и Тина Тарнер. Подоцна, во 1968 година на легендарниот Џејмс Браун му стана музички аранжер, тромбонист и главен компизитор. Соработката со Браун го направи Весли најпознатниот тромбонист на светот, кој хируршки прецизно го дефинираше јазикот на фанкот. Тој успеа да го издигне фанкот на сосема ново ниво. Нивната соработка траеше се до 1975 година. Во годините потоа тој музицираше со многу познати артисти и бендови меѓу кои и Parliament – Funkadelic и со Bootsy’s Rubber Band.

Фред има снимено дузина соло албуми, култни песни, кои се дел од многу наградени документарни филмови, тој е дел од многу книги за фанкот и години наназад организира мастер клас насекаде низ светот.

Така и во Скопје на 25 март (ден пред неговиот концертен настап) со почеток во 19 часот во скопското кафуле Брик бар, кое е лоцирано покрај реката Вардар, веднаш до Парк Хотел & Спа ќе одржи двочасовен мастер клас за сите оние кои се заинтересирани. Покрај него, присутни ќе бидат и членовите на неговото трио. Организаторите оваа средба повеќе ја најавуваат како „meet and greet“ со легендарниот тромбонист. Повеќе детали за овој настан има на фејсбук страницата на 3Гонга.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСветската изложба “Во земјата на змејовите” дојде во Скопје!
Следна објаваThe GENTLEMEN’S EXPO ’19 “whiskey edition”
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР