Оваа година по 12-ти пат ќе се одржи Државното Првенство на Бармени на Македонија . Забавата, пријатната атмосфера и супериорните таленти на бармените ќе го оправдаат и ова првенство.

Дводневното првенство ( 26.03 I 27.03 ) ќе биде исполнето со богата агенда во која се предвидени многубројни семинари, натпревари и квалификации. (http://bar.mk/ )

Локацијата годинава ќе биде во Liquid Boutique Bar & Kitchen во Su Hotel  на самиот брег од прекрасното и живописно Охридско езеро. 

Нема да изостанат врвните техники кои го чинат секое натпреварување возбудливо, вештините при маневрирање со пијалоците и секако стандардот IBA кој ни дава сериозен пристап кон самиот натпревар.

Настанот бележи официјален почеток на 26.03.2019  во 12:30 кога ќе пристигнат самите натпреварувачи и ќе учествуваат во лотаријата за редослед.

Како дел од квалификациите се очекува место да заземат 30-тина учесници, кои ќе бидат оценувани од технички судии според неколку критериуми:
– брзина и техника на изведба на класична подготовка на коктел
– работа со барски прибор
– умешност при декорација
– внимавање на хигиена при подготовка на коктел како и на бар простор
– ниво на позитивна енергија
– secret tasting (тајно оценување на вкус позади сцена)

Во исклучително софистициран амбиент под отворено небо ќе го одбереме нашиот победник и претставник кој ќе ја претставува државата во Република Кина на на World Cocktail Competition .

Ве очекуваме сите да ни се придружите, да ја воздигнеме коктел културата на нивото кое го заслужува.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваOff-White ги претстави новите сандали по кои полуде модниот свет!
Следна објава5 нови модели на Zara чанти!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР