Создавањето на уметност уште од мали нозе е извонреден начин преку кој едукаторите и родителите ја имаат таа можност да го следат развојот на своето дете. Голем број на истражувања покажале дека кога децата се поттикнуваат од најмала возраст слободно да ја изразат својата креативност, тие всушност го негуваат визионерот во себе си. Во овој процес се присутни и други елементи на детскиот карактер кој е во самиото формирање. Некои од нив се донесување на одлуки и решавање на некој проблем, како што се мислејќи какви бои да употребат, какви линии да повлечат во процесот на цртањето. Младиот уметник Доротеј Нешовски го предводи Креативното ликовно студио кое е во склоп на Младинскиот Културен Центар (МКЦ). Во овој простор тој креира интересна и стимулативна средина, кадешто децата од најмалата возраст но и оние поголемите ја имаат ретката можност креативно да се изразат преку цртање, моделирање и.т.н. Работилниците кои ги организира нашиот млад уметник им овозможуваат на децата жив допир со ликовната уметност, а со тоа и ги насочуваат кон креативно и визуелно размислување и делување. Овие активности значајно влијаат на развивање на моториката на децата кои потоа преку одредени симболи и апстрактни поими можат својата визија да спроведат во практика. За времетраењето на овие едукативни програми-работилници децата се чувствуваат забавно, поврзано, и прифатено од останатите деца. Му благодариме на Доротеј, што прифати да не запознае од блиску со својата работа и да ни одговори на неколку прашања.

ДИВИАНАРТС: Ја имате ретката можност да ја работите најблагородната работа, а тоа е едукација на најмладите. Кажете ни кога започнавте со оваа активност?

Доротеј: Мојот  интерес  започнува уште како студент со интерес кон детската илустрација и естетиката на искреноста и спонтаноста. Во некои од моите ликовни истражувања го користам моливот како израз на визуелена идентификација, акумулирајќи и создаваќи скулптури и интервенции во простори и инсталациии насочувајќи дека МОЛИВИТЕ ПРЕСТАВУВААТ ВРСКА ПОМЕЃУ ПРИРОДАТА И ЧОВЕКОТ И ТОА ГО ПРАВИ МОЌЕН ДА СОЗДАВА НЕШТО ШТО ПРИРОДАТА НЕ ГО СОЗДАЛА , оттаму како цитат и моето делување со деца за создавање уметност.

Официјано од 2015 почнувам да работам на детската едукација и ликовност во ДЕТСКИОТ КРЕАТИВЕН ЦЕНТАР, каде секоја сабота можаат децата да се изразат и да имаат контакт со уметноста, сакајќи да ги градам во културно доминантни личности, затоа и често одиме на изложби да научаат што е галерија, а и простор да видиме изложба и да го чуствуваат како свој простор каде  во иднина би ги користеле.

ДИВИАНАРТС: Кажете ни нешто повеќе со какви техники и какви материјали работите со вашите ученици?

Доротеј: Секако експериментираме со различни техники и материјали со цел да им се збогати  ресурот со материјали за изразување и користење све зависно од возраста, за деца на 9 годишна возраст можете  да работите се, од мртва природа до портрет, геометрија, апстракција, репродукција, скулптури, интервенции, цртање на маици, аудио визуелнени пристап, ликовни елементи и принципи, дадени концепции, разработка на уметници, учење на уметници, уметнички правци… На родителите за дружење со своето дете  му е потребен еден ШКОЛСКИОТ ПРИБОР  тоа е БЛОК КОЛАЖ ФЛОМАСТЕРИ ДРВЕНИ БОИ НОЖИЧКИ ЛЕНИАР со форми.

Детски цртежи-илустрација  се укажувачи за одредени ситуации и моменти.

ДИВИАНАРТС: Во денешно време кога постојат интернетот, видео игрите и во најголема мера го окупираат детското внимание, како вие успевате да ги задржите децата да останат фокусирани на она што го работат?

Доротеј: Видео игрите секако ни помагаат во изразот за дадени концепциии во креативните индустрии како од цртеж до анимацијаа од карактер дизајн до 3Dмоделација и анимација.

Сепак на моите часови и работилници децата доаѓаат без телефон со намера да се исклучаат и конектираат со уметноста. Реалноста е таква, интернетот не доведе до премногу информации кои не смеаат да бидат достапни за децата. Сепак има доста едукативни интерактивни  апликации за деца кои помагаат за развој на нивната возраст и се супер, има доста кул македонски апликации анимации  за деца кои им помага во говорот меморијата цртањето и развивање на логиката. Секако е добро враќање на децата во јавните простори и користење на истите со нови опреми и  современ мебел каде јавниот простор ќе ги анимира  и едуцира со најразлични содржини а со тоа и враќање на серотонинот кај истите.

 ДИВИАНАРТС: Уметноста и културата се создават со цел да извршат позитивни културно-образовни промени во општеството. Дали според вас моќта на уметноста го има потребното влијание во нашето општество?

Доротеј: Јaс се борам и сакам децата  да се дел од политиките на музеите и галериите за да можат да растат во една поинаква средина стимулирајки  го  нивниот развој и критично теоретско размислување. Самите тие простории треба да се технологиски развиени и променливи, создавајќи публика која ќе биде изградена и комуникативна за самата уметност вклучувајќи се низ разни процеси во уметноста и општеството. Моќта на уметноста треба да ја врати својата улога и слобода како и вреднување на уметничките дела, откуп на уметнички дела, уметнички  хонорари, уживање на привилегиите на уметниците, создавање студиски дела, враќање на уметниците во ателјеа создавајќи им услови за работа.

Ќе го завршиме нашиот разговор со една прекрасна мисла на нашиот млад уметник!

;;Посета на две три изложби ви се потребни 1-2 часа и тоа е се!

Впивајте ја уметноста со теорија;;- Д. Нешовски.

~~За ликовното студио~~

Ликовното студио одржува часови и курс по ликовна и визуелна уметност секој четврток од 17:30 ч.  за децв од 8-10година и  сабота од 4-8 година од 12:00 -13:30ч

 

Ликовното студио организира и конципира серија на детски  ИНТЕРАКТИВНИ РАЗГОВОРИ мулти дисциплинарни работилници  во повеќе дисциплини, карактер дизајн, пермакултурен дизајн, архитектура, звук, фотографија  социјални теми и вклучува социјални дизајнери аниматори и 3Д моделатори, архитекти, музичари, ликовни уметници, фотографи и физичари  со цел да се вклучуваат во уметничките процеси  за развој и едукација во повеќе дисциплини. Годинава ќе ќе се организираат работилници за СИТО ПЕЧАТ, АРХИТЕКТУРА; КАРАКТЕР ДИЗАЈН, ПРИМЕНЕТА ФИЗИКА експеримент и МУЗЕЈ НА ДЕТСКА ИЛУСТРАЦИЈА.

Работилниците имаат за цел како  децата да ја засакаат уметноста и да ги рзвијат своите културолошки вредности. 

 

Растењето во уметноста и интеракцијата  нуди нови можности  и алатки кај  децата за подобра визуелна перцепција, размислување,  имплементирање   во креативната индустрија, создавајќи можности за експериментирање со материјали и медиуми што им дава додатна можност за надоградба и вештина во идејата и изразот.

Пријателски пристап према децата ви даваа можност за доверба и учество во дел  уметничките едукативни процеси и методи и контакт со уметноста.

  • Сакање на уметноста
  • Интерактивно работење на уметноста и едукативните процеси
  • Мултидисциплинарни активности
  • Формални и неформални разговори и прошетки, изложби, музеи, галерии…
  • Игри и методи за перцепција   на уметничкото дело
  • Можност тие простори  да ги  чуствуваат   за блиски
  • Колоборативен процес
  • ВИЗИТ УМЕТНИК
  • Припремен материјал и презентација
  • Развој на идеја и концепт

~~За уметникот ~~

Доротеј Нешовски (1989, Скопје) е мултидисциплинарен уметник чии интереси вклучуваат парципативни активности, методологии на мапирањe и резонантност, вониституционално делување, истражувачка практики и детска едукација. Од 2012 година тој е еден од основачите и член на уметничката група „ЅЕЕ“ со која има реализирано повеќе проекти. Нешовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот за  вајарство (2012 г.). Неговата книга „Уметноста не е тоа што сакате“, издание на Priaveteprint од Скопје,  излезе од печат во 2017. Живее и работи во Скопје.

Селектирани групни изложби и проекти :

 

2018

ИЛУЗИИ НА УМЕТНОСТА“„Нови проектни продукции“  press to exit project space- самостојна изложба Доротеј Нешовски,  Проектниот простор Прес ту егзит, Скопје, Македонија.

Уметноста не е тоа што сакаш Art book Presented I Never Read Art Book Fair  – Art Fair Basel ; Basel Switzerland

Град за сите: МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА ЗА ДЕЦА,  истражувачки проект и работилница за деца за модерна архитектура, куриран од ПЛОШТАД СЛОБОДА, Скопје; Македонија

„Интерактивсни разговори “  Серија на детски работилници.

2017  Визуелна Грешка” Фестивал за независна култура; Поздемја полесно се дише #5;  Изложба во неформален простор,  Скопје, Македонија

Design Thinking for Kids” работилница и тренинг by Design Club UK and trainers               from vocational design organization, Public Room Скопје, Македонија.

Фигури” СОНОТ НА ОБЛАЧЕТО #5 Детски фестивал за театар на сенки, детска работилница курирана од Доротеј Нешовски и театар СЕНКИ И ОБЛАЦИ, Детски Креативен Центар- МКЦ , Скопје, Македонија.

Уметноста не е тоа што сакаш” The Tokyo Art Book Fair презентација на книга,  Токио, Јапонија

Уметноста не е тоа што сакаш“   Промоција на книга, изложба и детска работилница, студио Private Print, Скопје Македонија

Културно доминантни“  Саем за современа уметност Парартисима #4 Hyper space Изложба и презентација на ученици, курирана од  Доротеј Нешовски, Детски Креативен Центар – МКЦ, Скопје, Македонија.

2016  Аудио визуелна плоча”, детска работилница и проект куриран од Доротеј Нешовски Детски Креативен Центар- МКЦ, Скопје, Македонија

 

Фестивал за нова музика ЗДРАВО МЛАДИ, Интервенција во простор  Детска работилница курирана од Доротеј Нешовски, Детски Креативен Центар- МКЦ Скопје, Македонија

 

2015  Креативен собраќајен знак  Саем на современа уметност Паратисима, Детска работилница курирана од Доротеј Нешовски, Скопје, Македонија

Imago Mundi, Transfiguring, Нашиот ум неможе да истражува, Скопје Македонија.

2014  Презентација на проектот УМ/А-1, Уметничка група „ЅЕЕ“, изложба во       Мобилна / Монтажна галерија, Центар за современи уметности-Скопје, Скопје,  Македонија                                                                                                  

Презентација на проектот 961-2, Уметничка група „ЅЕЕ“, изложба во          Неформален изложбен простор, Скопје, Македонија.

 

2013    Фестивал за електронска музика и медиумска уметност де:сонанц             „Контакт”, Работилница и проект куриран од Александар Ордев и Александар      Ников, Скопје, Македонија.

Во прилог на овој разговор ви презентираме фотографии од детските работилници кои ги предводи Доротеј!

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР