Во организација на телекомуникациската компанија Вип,се одржа втората годишна конференција „Жената во дигиталната ера“ („Women in Digital vol.2“).

Под темата „Дигитална трансформација: Техничка револуција или еволуција на менталниот склоп“ (“Digital transformation: Technical revolution or mindset evolution“), успешни и влијателни претставнички од различни општествени сегменти имаа можност одблиску да ги чујат мислењата на врвни експерти и познавачи од областа за едно од круцијалните прашања во процесот на дигиталната трансформација – неопходната еволуција на менталниот склоп на оние кои се дел од неа.

“Ми претставува особено задоволство што и оваа година конференцијата ‘Жените во дигиталната ера’ го привлече вниманието на јавноста. Денес дискутираме за едно многу важно прашање за успешноста на целокупниот процес на дигитализацијата, а тоа е човечкиот фактор и неговата способност за промена и еволуција на менталниот склоп кон дигиталното време во кое живееме. Вип посветено и континуирано работи на воведување на нови информатичко-комуникациски технологии и нови начини на работење со кои на корисниците ќе им обезбеди супериорно корисничко искуство, поедноставни, побрзи и персонализирани решенија кои одговараат на нивните потреби. Како дел од А1 Групацијата, уверени сме дека го имаме неопходното знаење и капацитет да создаваме дигитални решенија достапни за сите, а кои ќе овозможат непречен влез во дигиталната ера за сите наши корисници“ –  истакна во своето воведно обраќање извршниот директор на Вип, Мислав Галер.

Да се биде дел од дигиталниот свет, неопходна е средина која обезбедува можности за понатамошен развој, ресурси и технички можности за дигиталното општество континуирано да расте и напредува. Во оваа насока, на настанот се обрати и Министерот за Информатичко општество и администрација во Владата на Република Северна Македонија, Дамјан Манчевски кој истакна:

Обезбедувањето на соодветната инфраструктура, зголемувањето на капацитетите за развој на технолошки напредни решенија и дигитализација на процесите се само дел од заложбите на Владата во насока на понатамошен развој на дигиталното општество. Наш главен приоритет во иднина останува развојот и промоцијата на информатичкото општество, а во тој контекст е и Подготовка на Национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Република Македонија, со чијашто реализација се надеваме дека за 10 години од сега, ќе бидеме предводник во регионот. “

Освен постоењето на соодветната инфраструктура и технологијата како особено значајни параметри во процесот на дигиталната трансформација,  на другата страна на равенството се наоѓа и човечкиот фактор и начинот на кој луѓето им пристапуваат на бизнис предизвиците и како тие доаѓаат до соодветните решенија.

„Целосна посветеност кон исполнување на носечката порака на нашиот бренд – го обликуваме искуството кое ВИЕ сакате да го живеете, како и ставање на корисничките потреби во центарот на вниманието во целокупното деловно работење, е тоа што ја прави А1 Телеком Австрија Групацијата една од водечките конвергентни оператори во ЦИЕ и двигател на дигиталната трансформација. Корисниците сè повеќе се ‘дигитализираат’, па ако сакаме да бидеме поблиску до нив, неопходно е да се трансформираме. Постојано мораме да ги прошируваме нашите технички способности и да бидеме иновативни, но што е најважно, мораме да го подготвиме нашиот тим за дигиталната ера. Токму тоа е нашата формула за успешна дигитална трансформација.“, истакна Ева Зетнер, Директорка на човечки ресурси на A1 групацијата.

Во рамки на конференцијата се одржа и панел-дискусија на која своите ставови на темата ги изложија истакнати успешни жени од бизнисот и академската заедница. На ова тема говореа: Проф. Др. Ана Мадевска Богданова, редовен професор на ФИНКИ, УКИМ; Нина Ангеловска, Претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Извршен директор и ко-основач на Групер; Љупка Ѓоргиевска, Директорка на Сектор за развој на понуда и маркетинг во НЛБ Банка АД Скопје и Христина Џамбазовска Анастасов, Директорка на сектор за управување со деловни операции во Кроација Осигурување Живот

Во контекст на темата и развојот на технологијата на иднината, беше организирана и презентација на проектите од областа на напредни дигитални технологии подготвени од страна на студентите и академскиот кадар на ФИНКИ, каде присутните имаа можност одблиску да се запознаат со решенијата развиени од страна на младите умови.   

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНезапамтен интерес за првиот соло концерт на Влатко Лозановски во Скопје
Следна објаваVolkswagen Комерцијални Возила ја претставува електричната мобилност
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР