Изминативе денови сведоци бевме на жестоки полемики околу менување на зборот „менструација“ во „фемструација“, како и негова транскрипција во „женструација“ на македонски јазик поради искоренување на префиксот „мен“ („маж“) во зборот.

Но, зборот „менструација“ сепак си останува онаков каков што е, а нам ни е драго што изминатата недела жестоко полемизиравте, „гуглавте“ и заземавте свој став околу наводната промена. Токму тоа и беше целта на овој социјален експеримент кој е дел од кампањата на најновиот женски бренд на македонскиот пазар, Fixie Period Panties.

Fixie Period Panties се гаќи со дупло дно на кое совршено се вметнуваат крилцата на влошката и истите нудат удобност, комфорт, слобода во движењето и дополнителна заштита во деновите кога имаме менструација.  

Но, Fixie Period Panties е повеќе од обичен производ – Fixie Period Panties е бренд чијашто мисија е многу поголема и повикува отворено да зборуваме за репродуктивното здравје и да ги скршиме табуата за менструацијата во Македонија!

Зошто? Во ера каде што сè повеќе се слуша и зборува за моќта и еднаквоста на жените, сè уште постојат одредени табу теми за кои се зборува (или воопшто не се зборува) зад затворени врати. Повеќето од нас, дури и жените, не сакаат или пак се срамат да зборуваат за менструација. Жените ги кријат влошките и тампоните во ракавите додека одат накај тоалетот, шепотат кога бараат влошка на заем, ги кријат влошките помеѓу другите производи на каса во маркетот, за менструацијата дури често зборуваат и во шифри, како „оние денови“ или „дојде тетка ми“.

Поентата на проектот беше токму тоа: да се поттикне дискусија за менструацијата и да не се срамиме од нешто што е совршено нормален процес и во биолошката природа на жените.

На крајот, Fixie Period Panties ви благодари што минатата недела јавно и гласно го кажавте и напишавте зборот „менструација“, независно дали вашиот став беше „за“ или „против“. ☺

Особена благодарност до медиумите за нивното вклучување и поддршка, како и до сите оние кои на било кој начин беа вклучени во нашиот проект.

Продолжете со иста енергија да се борите и за искоренување на табуата и отворен разговор за МЕНСТРУАЦИЈАТА.

 

Ваши, Fixie Period Panties.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовиот Porsche Taycan веќе има 20 000 купувачи
Следна објаваХрабри и полни со самодоверба во новите модели на Steve Madden!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР