Краткиот експериментален  филм „Крајот на времето“ на режисерот Милчо Манчевски ја доби наградата Curator’s Choice на американскиот патувачки филмски фестивал за кратки филмови Wandering Reel Traveling Film Festival.  

„Крајот на времето“ е кубанско-американска копродукција по сценарио и режија на Милчо Манчевски, експериментален филм кој Кетлин Мекинис, директорката на фестивалот во Аспен го нарече „хипнотичен и величествен“. Берлинскиот Либери фестивал вели „Свежиот минимализам и авторитетната едноставност на „Крајот на времето“ се навистина потресни“, а Дејан Здравков од Филозовскиот филмски фестивал во Скопје напиша „Неверојатно привлечна кинематска и уметничка игривост, експериментално трансцедентално патување… ретки и безвременски мигови“, додека канадскиот режисер на експериментални филмови и критичар, Мајк Хулбум, вели: „Студија на секојдневното и на тајното спасение кое мирно чека додека никој не гледа. Вниманието на гледачот е поттикнато да скита по сликата, небаре нашата потреба од херои или предмети за тестирање веќе не е неопходна.“

Филмот е прикажан на повеќе од 30 фестивали, музеи и уметнички галерии и има освоено 6 награди, меѓу кои и во Аспен и Берлин. Светски дистрибутер на филмот е Пасифик воис од Јапонија.

Пред само десетина денови Манчевски беше награден и на годинашниот јубилеен 30. Mеѓународен филмски фестивал во Трст, Италија, каде му беше доделена наградата Eastern star  за достигнувања во областа на кинематографијата.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОФИЦИЈАЛНО ГО НАЈАВУВАМЕ – МАЖИ НА ГОДИНАТА 2019
Следна објаваЗимска уметничка фантазија!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР