Често зборуваме за куќи од соништа и за начините на кои нашите домови можеме да ги претвориме во една од нив, но понекогаш ќе видиме вила која едноставно е совршена сама по себе и дефинитивно е остварување на нечиј сон …
Сместена на премиум локација во Normandy Golf Course Island, со 100 метри приватна плажа, оваа неверојатна модерна вила се наоѓа во Мајами, а скоро беше продадена за 8,5 милиони долари. Ако мислите дека тоа се многу пари за една куќа, веруваме дека ќе се предомислите кога ќе го погледнете нејзиниот ентериер и ќе ги откриете сите нејзини елементи на луксузот од светска класа.
Со седум спални соби и купатила, вилата нуди сосема доволно простор, како и заеднички соби, како што е дневната соба со дупла височина и кујната која се карактеризира со бела боја, така што фокусот е фокусиран на погледот низ прозорците.
Инфинити базенот и платформата за сончање во близина на заливот, ја комплетираат оваа сензационална резиденција која е несомнено една од најдобрите во целиот регион.